Skip to main content

Охрид има потреба од брод за гаснење на пожари на пловни објекти

Дали и колку противпожарната единица е подготвена за делување во случај на  пожар на пловен објект.

 |  Маленкова Татјана  | 
brod
брод

Ова размислување кај надлежните стана поактуелно по лажната дојава во неделата дека гори брод во близина на хотелот Десарет. Командирот на против пожарната единица Спасе Прентоски  вели дека лажната пријавата за пожар на брод на некој начин била вежба за тимовите не само на противпожарната единица, туку на сите структури.  Прентоски објаснува дека  најверојатно брановите кои се познати како мртви бранови или подвалица, го направиле бродот нестаблен, а дополнителен проблем било тоа што некој уклучил светлосни сигнали на бродот што од далечина изгледале како бродот да гори. За среќа ова беше јавна дојава за пожар, но прашање кое се наметнува е колку сме опремени за делување во вакви случаи.

„Ние можеме да го ставиме на рсполагагање целокупниот потенцијал на пумпи кои ги имаме. Но можеме даbrodoviимпровизираме заедно со операција Флоријан, со бродчињата и заедно со езерската полиција со глисерите и да импровизираме пловни објекти за гаснење, доколку се случи ова.  Потреба од брод ДА и тоа како имаме. Ова беше актуело и минатиот период. Потреба од било какво пловно средство за гаснење на пожари на пловни објекти на Охридското езеро Има. Се надевам дека во иднина ќе се набави тоа и ќе ни биде од голема корист“, вели командирот на противпожарна Единица, Спасе Прентоски.  

Со Прентоски се сложува и претседателот на ОО на Црвениот Крст, Сашо Точко. Тој објаснува дека последниот случај покажал дека тимовите се подготвени и кадровски и технички, но додава дека не можат да делуваат во случај кога пловниот објект е на  250 до 300 метра од брегот. Точко е категоричен дека Охрид мора под итно да обезбеди противпожарно возило – пловен објект кој може да интеревенира во такви ситуации“, вели Сашо Точко, претседателот на ОО на Црвениот крст.

„Правиме напори со организација Флоријан, барем за почеток да ја набавиме сета потребна опрема за противпожарна заштита од вода, а со локалната самоуправа да изнајдеме напори и сили да некој пловен објект од Охрид, се преуреди и да се направи како противпожарен пловен објект, затоа што процедурата да се носи пловен објект од Англија е доста сложена. Ова е некоја почетна солуција на која интензивно работиме и се надевам дека ќе имаме интерес и од страна на локалната самоуправа“, додава Точко.

Точко додава дека не само странците туку и државата и локалната треба да се ангажираат ова водено простарнство да добие пловен објект кој ќе може да интеревенира во случај на загрозување на опасноста и опожарување на некој хидроглисер, брод.

{loadposition content9}