Штрајкуваат вработените во Ајфеловата кула
Ајфеловата кула, симболот на Париз и една од главните туристички атракции во градот е затворена поради штрајк на вработените.
Ајфеловата кула, симболот на Париз и една од главните туристички атракции во градот е затворена поради штрајк на вработените.
Синдикатот кој вклучува повеќе од 300 вработени кои работат во кулата, побараа зголемување на платите и подобрување на работните услови. По вчерашните неуспешни седумчасовни преговори меѓу синдикалците и работодавачите, Ајфеловата кула денеска е целосна затворена за посетители.
Летната сезона за туристите започна на 15 јуни со ново работното време поради големиот прилив на посетители. Во текот на летото Кулата ја посетуваат околу 25.000 луѓе дневно или седум милиони туристи годишно.
{loadposition content9}