Skip to main content

Финансиски скандали во италијанскиот фудбал

Финансиската полиција во Италија упадна во просториите на 41 клуб од Серија А и Серија Б, како и дел од екипите од понизок, со цел да ги испита договорите на играчите, тренерите и менаџерите поради сомневање за избегнување плаќање данок и перење пари.

 |  Голабовски Крсте  | 
premier italija
премиер италија

Финансиската полиција во Италија упадна во просториите на 41 клуб од Серија А и Серија Б, како и дел од екипите од понизок, со цел да ги испита договорите на играчите, тренерите и менаџерите поради сомневање за избегнување плаќање данок и перење пари.

Акцијата е по наредба на обвинителот од Неапол. Извори во обвинителството тврдат дека голем број играчи добиваат пари на рака и на тој начин избегнуваат плаќање давачки кон државата.

skandalПомеѓу 18 екипи од Серија А се наоѓаат и великаните Јувентус, Милан и Лацио. Клубовите се осомничени за криминално здружување со цел избегнување на плаќање големи суми пари на име данок при трансфер на играчи.

Рацијата на италијанската полиција се спроведува во период кога репрезентацијата на Италија се наоѓа во Бразил на Купот на конфедерации и треба да игра полуфинале со Шпанија.

{loadposition content9}