Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Општина Охрид и Н.У „Фестивал Охридско лето“
Станува збор за плод на неколкумесечна соработка, со која се најавува едно од најдобро организираните изданија на најреномираната културна манифестација во земјава.
Преку потпишување на меморандум, означен почетокот на интензивната соработка помеѓу помеѓу Општина Охрид и Националната установа „Фестивал охридско лето“.Никола Бакрачески Градоначалникот на Охрид, пред самиот чин на потпишување на меморандумот истакна дека оваа сорaботка е резултат на неколкумесечните средби со директорот и службите на „Охридско лето“ во кои се дефинираа начините на соработка и механизмите за имплементација на подготовките за што подобра организација на фестивалот.
„Како круна на овие состаноци и соработка доаѓа потпишувањето на овој меморандум од кој понатака треба да произлезат и плански активности односно програма за сорботка помеѓу Општина Охрид и Националната установа „Фестивал охридско лето“, се со цел оваа година „Охридско лето“ да биде прикажано во најсветло можно издание“ рече градоначалникот Бакрачески.
Елизабета Јанкулоска, директорката на Националната установа „Фестивал Охридско лето“ истакна дека потпишувањето на овој меморандум е вистинската работа.
„Кога сме заедно здружени, преку вас и со вашата поддршка и со јавните претпријатија, небото ни е граница. Не постои нешто што не би можеле како пакет да го претставиме во меѓународната култруна јавност, во Европската асоцијација на фестивали, каде ќе објасниме дека се тоа партнерски го правиме со што ние добиваме повеќе“ објасни директорката Јанкулоска.
Ваквата соработка и координација помеѓу Локалната самоуправа во Охрид и НУ Охридско лето ќе допринесе да се реализираат уште многу нови проекти од областа на културата со што ќе се направи еден силен исчекор на културен план, a заложбитe на фестивалот се, Охрид да живее во текот на целата година, а не само во летниот период, истакна директорката Јанкуловска.
{loadposition content9}