Skip to main content

Полетај, да те видам!

На 3048 метри надморска височина во Хималаите се наоѓа Тензинг Хилари Аеродромот во Лукла, Непал.

aerodrom vo lukla
аеродром во лукла

На 3048 метри надморска височина во Хималаите се наоѓа Тензинг Хилари Аеродромот во Лукла, Непал. Овој аеродром е еден од најпасните аеродроми токму поради оваа надморска височина како и кратката и тесна писта која завршува со бездна.

aerodrom vo luklaИ покрај тоа што е еден од најопасните аеродроми, Лукла е и еден од најпрометните во Непал. Планинарите постојано се обидуваат да ги освојат највисоките планини, а со цел да ја започнат таа авантура, мораат да слетаат на ова место, така што секојдневно на оваа писта слетуваат мали авиони и хеликоптери.

За повеќето планинари слетувањето на овој аеродром е многу пострашно од самото искачување на Еверест што е навистина разбирливо кога во превид ќе се земи екстремната локација и лошите временски услови. Дури и кога има најдобри временски услови, аеродромот е достапен само за полетување, додека слетувањето трае само неколку часови, пред да падне магла и да се појават силни ветрови.
aerodrom vo luklaАеродромот бил изграден од Сер Едмунд Хилари во 1965 година, 12 години откако станал првиот човек кој го освоил Монт Еверест. Денес, планинарите може едноставно да се качат на авион во Катхманду и да пристигнат за неколку часови, наместо да патуваат со денови со автобус.
На аеродромот не може да се забележат големи авиони, како на пример Боинг, бидејќи пистата е широка само 16 метри, па на неа може да слетуваат малечки авиони како Твин Офтер или Дрониер. Со 12% стрмнина, ова е една од најстрмните писти во светот. Авионите мораат да ја заобиколат планината и да слетаат на угорница, која помага да се запре авионот пред да удри во карпа. Очите на пилотите се нивна единствена навигација, а тие исто така треба да внимаваат на облаците и силните ветрови при слетувањето.

Како што можете да замислите, Тензинг Хилари имала неколку несреќи, но не толку колку што луѓето би очекувале, со оглед на сите опасности. Во 1973 и 1991 година, се срушила Кралската авиокомпанија од Непал, во 2004 година Јети авиокомпанијата се срушила додека слетувала, убивајќи 3 членови на екипажот, но најлошата несреќа била во 2008 година коа Јети авионската компанија се рушила слетувајќи на магловито време. Авионот се запалил убивајќи 18 патници.

{loadposition content9}