Skip to main content

Хорхе Лоренцо хоспитализиран

Актуелниот Мoto GP шампион, Хорхе Лоренцо, нема да учествува во преостанатиот дел од Холандското Гранд При бидејќи си ја скрши клучната коска на вториот слободен тренинг на Асен.

 |  Голабовски Крсте  | 
jorge lorenzo
хорхе лоренцо

Актуелниот Мoto GP шампион, Хорхе Лоренцо, нема да учествува во преостанатиот дел од Холандското Гранд При бидејќи си ја скрши клучната коска на вториот слободен тренинг на Асен.

jorge lorenzoВозачот на Yamaha, кој што беше најбрз на првиот слободен тренинг во Холандија, ја загуби контролата над својот мотоцикл во брзиот сектор Хог Хеид и по падот се жалеше на болки во левата рака.

Неговата повреда беше потврдена по прегледот во медицинскиот центар. Тој ќе остане во болницата во текот на ноќта, а утре ќе отпатува во Барселона каде што ќе биде опериран.

{loadposition content9}