Пронајден авионот на Виторио Мисони
По шест месеци, во близина на брегот на Венецуела пронајдени се остатоците од авионот во кој што бил извршниот директор на модната куќа Мисони, Виторио Мисони со својата сопруга Мауриција Кастиљони и уште еден брачен пар.

Информацијата на Твитер ја потврди портпаролот на венецуелското министерство за внатрешни работи Хорхе Галиндо, без да соопшти повеќе детали за локацијата и за состојбата во која бил пронајден малиот авион.
Авионот со шест патници и екипажот, исчезна во јануари оваа година по полетувањето од островот на архипелагот Лос Рокес на Карибите.
Виторио Мисони, кој почина во оваа авионска несреќа, е најстарото дете на основачот на модната куќа и нејзин косопственик, со братот Лука и сестрата Анџела, кои се занимаваат со техничките детали и дизајнот во оваа италијанска модна куќа.
{loadposition content9}