Skip to main content

Започна првата летна архитектонска школa

На неа триесеттина студенти по архитектура и дизајн од земјава и странство, ќе го осмислуваат визуелниот идентитет на три локации од нашиов град.

 |  Голабовски Крсте  | 
maketa
макета

Триесеттина студенти по архитектура и дизајн, во наредниве седум дена ќе учествуваат на првата „Летна Школа за архитектура и дизајн Охрид 2013“. Студентите ќе имаат задача да го осмислуваат визуелниот идентитет на три локации од нашиов град. Викторија Ермеева  декан на Факултетот за архитектура и дизајн при Американскиот колеџ од Скопје, објасни дека сите архитектонски, дизајнерски и визуелни интервенции во просторот,  ќе бидат презентирани на самиот крај од школата. Изготвените решенија ќе и бидат понудени на локалната самоуправа, како почетни идеи за реализација на одредени архитектонски проекти, додаде Ермеева.

maketa„Едната локација е просторот на училиштето „Св.Климент Охридски“, втората, „Долни Сарај“ и третата локација на која студентите ќе работат е плоштадот „Крушевска Република“. Студентите ќе го кажат својот збор во врска со тоа како го замислуваат просторот и што е тоа на што најдобро би можело да се интервенира за да може да функционира во текот на целата година“, потенцира Ермеева.

Проф.Д-р.Кокан Грчев  раководител на Архитектонската школа, објасни дека на сите три локации ќе се изведат три различни пристапи, ќе се изготват проекти кои не се проекти за згради, туку проекти за тоа како се гледаат зградите кои треба да имаат едукативна функција за нас и да остават трага која ќе покаже дека гледањето на просторот е прашање на поседување културен идентитет.

letna skola arhitektura„Утврдивме три исклучителни локации за делување, меѓутоа кога архитектурата се користи како перформанс тоа значи, архитектурата и односот кон просторот е да го стави просторот во секаква можна функција.Охрид навикнат е да живее од големите места и на кои се случуваат големи настани, а малите луѓе кои секојдневно ги трошат своите простори заборавија дека најголемата вредност е токму таа, вредноста на малите места поврзана во широка мрежа на пренетирање на идентитетот, структурата суштината, визуелните и естетските вредности, на архитектурата, амбиентот, бојата и деталот се тие кои што се носители на големиот идентите и големата култура“ вели Грчев.

Овој настан всушност го означи и креативниот старт на овогодиншеното „Охридско лето“, а Елизабета Јанкулоска, директорката на фестивалот кажа дека оваа летна школа за архитектура и дизајн, е всушност почеток на нивните залагања одржувањето на културните настани и активности да не бидат сконцентрирани само за време на  фестивалскиот термин, туку преку целата година.

„Од денеска и официјално ја отворивме вратата на креативноста, со желба сите малди луѓе и заинтересирани лица кои сакаат да работат и да творат во делот на културата да знаат дека „Охридско лето“е местото каде можат да се изразат. Ние со нашето работење најголемата подршка ќе ка дадеме на креативните индустрии, нивната презентација, поддршката кон недвижното културно наследство и кон создавање на проекти за создавање нови визии и мултимедијални презентации“ изјави директорката на „Охридско лето“.

Проектот КРЕАТИВЕН ОХРИД ,,СЕГА“,  како што е и насловена првата архитектонска летна школа, ќе трае до недела, а тематскиот опфат  е насочен кон три главни компатибилни области на делување : архитектура, дизајн и урбанизам.

{loadposition content9}