Жители од селото Орман бараат решавање на комуналните проблеми
Жители од селото Орман бараат решавање на комуналните проблеми.
Жителите од селото Орман го запознаа секретарот на општината Димитар Спасески со два посериозни еколошки проблеми. Орманци во моментов се соочуваат со фрлање на пцовисан добиток во атарот на нивното село. На тој начин несовесни сточари ја загадуваат околината, а во опасност ги доведуваат земјоделските посеви со градинарски култури, стоката и водата за пиење, реагираат жителите на Орман. Неодамна, спас од еколошкото загрозување побарале од надлежните институции, но мршата само била поместена 100-тина метри понатаму од првичната локација. Орманци бараат Локалната самоуправа да се вклучи во решавање на овој сериозен проблем и да се најде трајно решение за одлагање на пцовисаниот добиток.
„ Приоритетно ќе ние да се отстрани мршата, ама неопходно е да се направи и регионален крематориум. Не е решение мршите да се закопуваат во земја затоа што загадувањето на почвата и водата така нема да се сопре“, реагира Марјан Николоски, жител на Орман.
За стотината жители на Орман е несфатливо, нивното село, кое е во непосредна близина на градот, сеуште да нема решена комунална инфраструктура.
„Во 21 век сме Орман е во непосртедна близина на градот, греота е да се занимаваме со септички јами и д а сме без каналзиација. Во околината има сместувачки капацитети, има странци, недозволиво е селото да нема канализациона мрежа“, напоменува Николоски.
Секретарот Спасески ги сослушал проблемите на Орманци и ветил дека ќе се бараат соодветни решенија. Нивна заложба ќе биде трајно решавање на депонија за одлагање на пцовисаниот добиток. На средбата станало збор и за изградба на канализација и ревидирање на проектот за системот кој се гради во соседно Лакочереј и приклучување на Орман кон истиот. Во меѓувреме, Локалната самоуправа, издала налог до комуналниот инспекторат веднаш да ја дислоцираат пцовисаната мрша неодамна фрлена во непосредна близина на селската црква „Св. Наум“.
{loadposition content9}