Станарите од опожарената зграда на булеварот „Туристичка“ добија електрична енерија
Поради пожарот кој пред единаесет дена ја зафати зградата бр.4 на булеварот „Туристичка“ станарите останаа без струја речиси една недела. Тие се многу задоволни од брзата интервенција на надлежните институции, Локалната самоуправа и медиумите кои известија за овој проблем.
На станарите од опожарената зграда бр.4 на булеварот „Туристичка“ конечно им светна. Тие вчера напладне добија електрична енерија. Поради пожарот кој пред единаесет дена ја зафати зградата од електричната инсталација станарите останаа без струја речиси една недела. Откога Градоначалникот Никола Бакрачески пред шест дена најави дека Локалната самоуправа ќе направи се што е во нејзините можности за санација на штетите, работите тргнаа на подобро, велат станарите. Во акцијата за помош се вклучија и советниците, стручни служби и специјализирана фирма од Охрид.
„По објавата во медиумите, веќе во средата не посети градоначалникот Бакрачески, а наредниот ден дојдоа екипите кои работеа на проблемот. Презадоволни сме, бидејќи претходно од ЕВН ни рекоа дека санацијата ќе трае околу 40-тина денови, вели Белинда Андоновска, жителка на опожарената зграда.
Жителите од овој станбен објект велат дека санацијата на електричната инсталација е целосно завршена, а сега интензивно се работи на останатиот дел. Се санира влезот, а горните катови веќе се бојадисани.
„Се интервенираше на водоводната и канализационата мрежа на становите кои се наоѓаат веднаш над броилата. Се пристапи кон корнење на изгорената столарија, а новата која е веќе порачана чекаме да пристигне во секој момент – додава Андоновска.
Станарите се многу задоволни од брзата интервенција на надлежните институции, Локалната самоуправа и медиумите кои известија за овој проблем.
Целиот финансиски товар од околу 10 000 евра паѓа на локалната. Станарите од свои средства ќе постават домофон како во иднина влезот би бил побезбеден, а ќе бидат заклучени и ормарите во кои се наоѓаат броилата од ЕВН.
{loadposition content9}