Skip to main content

Бартоли и Лисицки во женското финале на „Вимблдон“

Тенисерката од Франција по еден час и пет минути игра во два сета со 6:1 и 6:2 славеше над белгијката Кирстен Флипкенс.

 |  Голабовски Крсте  | 
Bartoli i Lisicki
Бартоли и Лисицки

Тенисерката од Франција по еден час и пет минути игра во два сета со 6:1 и 6:2 славеше над белгијката Кирстен Флипкенс.

Bartoli i LisickiОва за Бартоли ќе биде второ Гренд Слем финале откако во 2007-та година на истиот турнир во мечот за титулата се сретна со Венус Вилијамс, но не успеа да слави. Бартоли во финалето ќе игра со Сабине Лисицки која по маратонскиот меч со 2:1 во полуфиналето ја совлада Агњешка Радванска.

Со тоа 24-та тенисерка во светот стана првата германка која се пласирала во финалето на Вимблдон по Штефи Граф која последен пат за титулата играше во 1999-та година. Досега најдобар резултат и беше пласманот во полуфиналето на Вимблдон во 2011-та година. Денешната пресметка на Лисицки и Радванска е најдолгиот одигран меч годинава на Вимблдон во женска конкуренција.

Утре на програмата се полуфиналните дуели во машка конкуренција во кои се среќаваат Мареј – Јановиц и Ѓоковиќ – Дел Потро.

{loadposition content9}