Македонските „Леопарди“ заминуваат за Афганистан
Денес од кичевската касарна „Чеде Филипоски – Даме” ќе бидат испратени во 15 –та мировна мисија во Авганистан.
леопарди
Денес од кичевската касарна „Чеде Филипоски – Даме” ќе бидат испратени во 15 –та мировна мисија во Авганистан 149 припадници на Првата механизирана пешадиска бригада од Кичево, задолжени за обезбедување на главната команда ИСАФ во Кабул.
Покрај овој контингент за Авганистан ќе заминат и еден штабен офицер во командата на ИСАФ и пет припадници на АРМ , кои ќе бидат распоредени во составот НСПС за поддршка на 209 корпус на авганистанската национална полиција.
На свеченоста ќе присуствуваат и првите луѓе од МО и генералштабот на АРМ на РМ.
{loadposition content9}