Вицепремиерот Боцевски во посета на Брисел
Вицепремиерот задолжен за европски прашања Ивица Боцевски денеска во Брисел пред пратеници во Европскиот парламент и други европретставници ќе ги презентира активностите што ги презема Република Македонија за интегрирање во Европската унија.
Ивица Боцевски

Боцевски ќе се сретне со претседателот на Европскиот парламент Ханс Герт Потеринг, со европарламентарците Дорис Пак, Ханес Свобода и Ерик Мејер, кој е известувач на Европараламентот за Македонија.
Македонскиот вицепремиер за европски прашања ќе има обраќање пред Комитетот за надворешна политика на Европскиот парламент при што ќе го претстави Акциониот план за реализација на препораките содржани во Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република
Македонија за 2008 година.
Боцевски ќе има работна средба со претставници на Комитетот на први секретари при постојаните претставништва на земјите-членки на ЕУ (COWEB).
Во македонската владина делегација што престојува во Брисел е и вицепремиерот Абдилаќим Адеми.

{loadposition content9}