Skip to main content

И Алберт Ајнштајн бил „мета“

Да речеме дека сте пронашле некој кој заговара да се убие најпознатиот научник на дваесеттиот век. Која би била казната за тоа?

Albert Einstein
Алберт Ајнштајн

Ајнштајн го добил неговото Американско државјанство во 1940 година. Пред да го добие, поминал седум години во америка. Неговото престојување го направил постојано во 1933 година, кога Хитлер добил моќ и Германија станала ужасно место за Еврејските академци и интелектуалци. Најпрво тие биле турнати од државните институции и  универзитети. Потоа официјалните лица ги одбивале нивните идеи. Така, Германските официјалци се обидувале Ајнштајновата теорија за релативитет да ја препишат на Германските физичари.

Albert EinsteinМеѓутоа тоа не им успеало бидејќи Ајнштајн бил познат во неговото време и луѓето ги знаеле неговите постигнувања. Затоа, следниот чекор бил да се забрани учењето на теоријата и отпуштање на сите физичари кои се согласувале со неа и кои одбивале да не ја предаваат. На крајот, последен бил обидот да се уништи името и угледот на Ајнштајн.

Било создадено здружение против Ајнштајн како и насловни страни кои се исмејувале на неговото преселување во Америка. Меѓутоа организацијата која била навистина позната поради нивната омраза кон Ајнштајн го привлекла вниманието на луѓето низ светот. Човекот кој се обидувал да ги поттикнува другите да го убијат познатиот научник бил фатен и осуден. Но, лошо е тоа што тој бил казнет со парична казна од денешни шест долари.

{loadposition content9}