Последните сметки за струја непријатно изненадија дел од охриѓани
Последните сметки за струја непријатно изненадија дел од охриѓани.
Дел од охриѓани останаа непријатно изненадени од последните сметки за струја испорчани од ЕВН. Во тарифата ефтина струја им беше впишан износ нула. ЕВН не им ја пресметала потрошената електрична струја по ефтината тарифа што предизвика револт и прашалници кај корисниците зошто во сметките не е пресметана струја. Од компанијата уверуваат во никој случај потрошувачите нема да бидат оштетени.
„ Вакви случаи има кај поедини корисници каде очитувањата се направени оптички. Очитаната вредност била претпоставена за потрошената електрична енергија. Од повеќе причини не било очитано броилото и била изготвена аконтација на тоа броило, а за следниот месец ќе се извршело порамнување со потрошената електрична енергија“, појаснува портпаролто на ЕВН, Атанас Ковачески.
Корисниците, во меѓувреме може да побараат корекција на сметките и да добијат нова фактура со реални потрошени киловат часови, уверува портпаролот Атанас Ковачески.
„ Во мај корисниците каде што биле оптички читани броилата, добиле фактури со разлика на тарифите. Корисниците ја надминале аконтативната состојба, а на тарифата 2 во моментот на очитување сеуште не била надмината аконтативната состојба и од таа причина не може да се јави разлика. Движењето ќе се појави во моментот кога при следното читање реалната состојба ќе биде повисока од претпоставената“, вака гласи објаснувањето на портпаролот на компанијата.
Ковачески тврди дека нема потреба корисниците со сметките да добиваат појаснување за ваквите состојби од компанијата. Според него тоа се мрежни правила на електричната енегија и се законски обврски на компанијата, а кои ги имаат и корисниците и ЕВН Македонија.
{loadposition content9}