Skip to main content

„Македонски овошни приказни во стих“ аудиовизуелен проект за деца

„Македонски  овошни приказни во стих“  аудиовизуелен проект за деца.

 |  Валентина Неловска  | 
боенка
боенка

Песнички за сливата, јаболкото, калинката и другите овошки кои виреат во земјава се дел од најновото издание „Македонски овошни приказни во стих“,  наменети за најмладите читатели. Весна Пирузева Петровска е автор на аудиовизуелниот проект,  песни за деца и боенка пропратени со аудиозапис на стиховите. Идејата на авторката првично била да напише книга со детски песнички за секое овошје, но подоцна добила поинаков тек.

„ Пишувајќи  ги песничките се внесов во детскиот свет, па идејата сама по себе се наметна и произлезе друга целина. Помислив зошто стиховите да не се пропратени со боенка, а додека детето бои убаво е да ги слуша песничките на ЦД , пропратени со убава муизка во позадина“, кажува Пирузева Петровска.
боенка
Авторката на „Македонски  овошни приказни во стих“  со став дека има недостаток од литература за деца. Нејзината заложба е  што повеќе да се пишува за децата и да им се всадат  моралните вредности уште од  детството.     

„ Во областа на детската литература има голем дефицит на нови изданија. Сите трчаат по материјалните вредности, а децата се се почесто занемарени. Градењето на една личност и всадувањето на тие вредности започнуваат од најмала возраст.“

Весна Пирузева Петровска пишува поезија за деца и возрасни, а подготвува и литература од областа на здравата храна и нутриционизмот.

{loadposition content9}