Зоран Донев патува на Светското првенство во таеквондо во Бугарија
Охриѓанец ќе ги брани боите на Македонија на претстојното Светско првенство во Теквон-до, кое во средината на месецов ќе се одржи во Софија, соседна Бугарија.
Боите на македонското теквондо, ќе ги брани младиот охриѓанец Зоран Донев . Тој од 17 до 21 јули ќе учествува нa Светското првенство во таеквондо која ќе се одржи во Софија, соседна Бугарија. Најголемиот дел од тренинг сесиите кои го трошат речиси целиот негов ден, Донев ги минува на усовршување на експлозивноста и физичката подготвеност, додека поладне работи на техниката и секако спаринг тренинг во самата арена, заедно со неговиот тренер Марјанчо Лазарески.
„Се подготвував за ова светско првенство конкретно, последниве два месеци, а активно тренирам пет години што всушност е и подоготовка за овој мундијал.Знам некои од учесниците од моја категорија и сите се поранешни европски и светски шампиони, но за мене тоа не претставува никаква пречка, спремен сум и ке дадам се од себе“, објаснува Донев.
Инаку Донев е член на Таеквон-до клуб Хва Ранг ИТФ од Охрид, а на СП во Бугарија ќе патува со неговиот тренер Марјанчо Лазаревски. Тој објаснува дека Светското првенство во теквондо-се одржува на секои 4 години и оваа година Македонија има ретка можност да се претстави со свој натпреварувач, кој ги задоволува строгите критериуми. Условите кои Зоран морал да ги исполни да учествува на ова првенство се: учества на меѓународни турнири, како и да поседува сертификат на ИТФ, дека е носител на црн појас први дан. А конкуренцијата во Софија го очекува Донев, ќе биде голема.
„Мислам дека ова светско првенство ќе биде едно од најпосетените, со околу 100 земји учеснички, со околу 5000 натпреварувачи. Конкуренцијата ќе биде премногу голема“, вели Лазаревски.
Тој од престојниот мундијал во Бугарија очекува поволен резултат, кој ќе помогне на афирмација на таеквондото во Охрид и Македонија. Додава дека нивното учество станало реалност бидејќи сите трошоци биле покриени благодарение на нивните покровители „Нома-метал“ и „ПН-метал“, инаку љубители на овој спорт.
{loadposition conten9}