Skip to main content

МОФ во Охрид

Претставниците на Младинскиот образовен форум деновиве и во Охрид. Продолжуваат со нивната мисија за собирање потписи како екстерното тестирање би се прогласило за пилот проект.  Засега задоволни од одзивот на охриѓани.

 |  Николоска Биљана  | 
eksterno
екстерно

Под мото „Проблематично екстерно оценување, потпиши се за да се прогласи за пилот“ младите активисти на Младинскиот образовен форум не запираат со барање поддршка од учениците и граѓаните, како екстерното тестирање би се прогласило за пилот проект. Координаторот на програмата, Бранкица Затаракоска, задоволна од одзивот на учениците, родителите но и на останатите граѓани.

eksterno„На национално ниво собрани се над 17 000 потписи а во Струга се собрани околу 1500. Засега имаме добар одзив од граѓаните а има и такви кои се плашат да потпишат. Од Охрид се собрани околу 200 потписи иво текот на утрешниот ден ќе бидеме тука и апелираме сите заинтересирани граѓани да ја дадат поддршката.

Затаракоска категорична дека ќе продолжат со притисокот врз институциите се додека не ја постигнат целта.

„Младински образовен форум заедно со потписите кои ќе се соберат до крајот на оваа недела ќе се приложат до институциите и ќе продолжиме да притискаме да се замет во предвид односно да се разгледа нашето барање и да се најде најефикасно решение за надминување на недостатоците околу ова тестирање“.

Како што веќе информиравме петицијата започнува на 3ти јули, а ќе трае во наредните 10  дена и тоа низ 15 градови во државата: Скопје, Тетово, Гостивар, Кичево, Дебар, Струга, Охрид, Битола, Велес, Куманово, Кратово, Делчево, Гевгелија, Неготино и Штип.

{loadposition content9}