Во пожар изгоре мајка и 3 месечно бебе
Во пожар изгоре мајка и 3 месечно бебе. Овој страотен настан утрово ги потресе граѓаните на Охрид. Според првичните и неофицијални податоци од направениот увид од страна на командирот на охридската противпожарна служба и екипите на СВР Охрид, причина за пожарот е ќумбето кое во раните утрински часови било употребувано за загревање на просторијата на малото бебенце.
Утрово во пожар изгоре мајка и нејзиното три месечно бебе. Пожарот избувнал во 5 часот и 45 минути а пламените јазици до темел ја изгореа импровизираната куќарка сместена на ридот Чекоштина, Охрид, веднаш над бензиската пумпа Макпетрол. Пожарот бил забележан од страна на врабвотените во пумпата кои веднаш пријавиле во охридската против пожарна служба.
„Со пријавувањето во противпожарната единица веднааш е интервенирано со 2 против пожарни возила и 8 пожарникари, пошто непристапен е теренот има растојание од местото на лоцирање на противпожарните возила до објектот кој што е импровизиран за живеење околи 170 метра употребени се 14 црева со една линија за жал со самото пристигнување од пожарот објектот бил сосема срушен незнаејќи дека во објектот има луѓе при самото пребарување од пожарникарите најден е леш по претпоставка жена при што стопирано е гаснењето на пожарот и известена е полицијата“.
За жал трагедијата да биде уште поголема во дел од импровизираниот објект поточно во помала собичка било пронајдено и јагленисаното тело тело на три месечното бебе, изјави Прентоски.
„Највероватрно утврдено од моја страна и од увидната екипа на СВР Охрид, во самиот ќош на детската соба каде што е бебето е користено ќумбе за затоплување бидејќи ноќите се поладни и со самот тоа во утринските часови дојдено е до пожарот“.
Прентоски не ја исклучува и можноста пожарот да бил подметнат, но вели дека за тоа ќе покаже истрагата која веќе е отпочната за овој немил настан. Телата на загинатите се предадени на обдукција, за утврдување на идентитетот на жртвите. Противпожарната единици во Охрид на ова место во два наврати интервенирала на објектот, кој бил опожаруван.
{loadposition content9}