Со податоците за посетеноста на Охрид и понатаму ќе се нагаѓа
Со податоците за посетеноста на Охрид и понатаму ќе се нагаѓа.
Во моментов охридските туристички работници немаат методологија за одредување точна бројка на гости кои престојуваат на крајбрежјето. Податоците за бројот на посетители подолго време се кажуваат според слободна проценка. Ваквиот недостаток најчесто е пропратен со паушални информации за бројот на гостите и бројот на остварени ноќевања, а може да се реши со мрежен софтвер кој го има Тлер ,а покрај Локалната самоуправа ќе бидат вклучени Управата за приходи и СВР Охрид, велат од секторот на ТЛЕР. За имплементација на овој софтвер, се чека зелено светло од МВР веќе подолго време. Од Тлер веќе презеле конкретни активности и контакти со МВР за што поскоро да се имплемнтира софтверот, укажува раководителот на ТЛЕР, Ѓоко Апостолоски.
„ Министерството за внатрешни работи ќе ги добива сите релеванти податоци за нивна интерна употреба без наш пристап до сите податоци. Ние го понудивме софтверот на МВР, секторот за СВР Охрид и добивме информации дека е потешко технички да се изведе овој софтвер, но стручните служби од МВР Скопје ја разгледуваат можноста. Веднаш по позитивниот одговор ние ќе им го отстапиме. Тие ќе се носители на софтверот, а ние само ќе ги користиме елементарните податоци“.
Од Тлер полагаат голема надеж во имплементирањето на овој софтвер. Со неговата примена ќе се запре одлевањето на парични средства по основ прилив на туристичка такса. Сегашната пракса на поголем број хотелиери и станоиздавачи е да го прикриваат точниот број на ноќевања. Тоа се случува заради тоа што се обврзани да ги пријавуваат гостите, но не се должни и да го одјавуваат нивното заминување, кажува Апостоловски.
„ Тука настануваат и најголемиот дел од злоуопотребите во пријавувања на реалната бројка на ноќевања на гостите. Во софтверот е предвидена и графа за впишување на датумот на заминување на гостите. Ние ќе имаме поголем увид во бројот на ноќевања и ќе имаме точен доказа за висината на туристичката такса кој секој станоиздавач е должен да ја плати“.
ТВМ контактираше со СВР Охрид и побара одговор до каде е постапката за имплементација на понудениот софтвер од страна на охридскиот Тлер. Од таму добивме информормација во која само стои: „ Согласно законот за странци и законот за пријавување на престојувалиште и живеалиште, во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија е воспоставен и ставен во функција систем за електронска пријава на гости за територијата на целата држава, вклучително и на целото подрачје на Секторот за внатрешни работи Охрид. Полициските службеници ќе продолжат да го користат постојниот начин на електронско пријавување на гости кој е ефикасен начин на пријавување на гости и нивно евидентирање и во централната база на податоци во СВР Охрид“.
{loadposition content9}