Skip to main content

Летна школа за правилна исхрана и во Охрид

Летна школа за правилна исхрана и во Охрид.

 |  Валентина Неловска  | 
skola
skola

Во Охрид се одржува „Летна школа за правилна исхрана“. Школата работи секое попладне  во петок во ОУ „Христо Узунов“ веќе две недели. Во моментов  ја посетуваат 20-тина слушатели кои имаат желба да ги променат лошите животни навики. Засега најзаинтерсирани се охриѓанки на возраст од 25 до 50 години,  вели  д-р Марија Трпкоска,  која го предводи тимот за едукација. Школата  нуди бесплатни  програми за исхрана и ги наградува оние кои неделно ќе постигнат видливи резултати. Може да се вклучат луѓе од различни возрасти и пол за да научат каде грешат во исхраната и како да го подобрат својот здравствен статус и изглед, напоменува д-р Трпкоска. Таа појаснува каде најчесто се прават грешките.
skola
„ Најмногу луѓето грешат со нередовните оброци, неинформирани се колку храна внесуваат од она што е потребна за телото, физичкаи се неактивни. Луѓето тука ќе ги откријат сите пропусти и грешки кои секојдневно ги прават“.  

Школата за правилна исхрана започнала со едукации во Скопје пред шест месеци. Таму  граѓаните пројавиле огромен интерес за едукација во однос на правилната  исхрана. Целна гупа на летната школа  се сите луѓе кои сакаат  да се информираат  за правилниот и здравиот начин на исхрана,  вели едукаторот  Бојан Стојановски.

skola„Луѓето кои сакаат да намалат килограми се информираат за тоа што се протеини и  јаглехидрати, што е здрава, а што правилна исхрана. Ние ги опфаќаме сите теми почнувајќи од  метаболизмот, и растителните влакна па се до омега 3 масните киселини. Учат што да нарачаат во ресторан и како да ги читаат етикетите во маркетите“.  

Летната школа за правилна исхрана во Охрид е дел од американската програма која се одвива во над  90 земји во светот. Програмата која се спроведува и во Охрид е поддржана од  светски лекари и нутриционисти, меѓу кои се нобеловецот Луј Ињеро, Дејвид Хибер и Луј Џигратон. Летната школа во  Охрид ќе работи секој петок во 19 часот до 16 август во просториите на ОУ „Христо Узунов“.  

{loadposition content9}