Skip to main content

Се е подготвено за најголемиот спортски настан

Се е подготвено за најголемиот спортски настан од осамостојувањето на Република Македонија, Охрид  и  Скопје од денеска до 14 декември ќе бидат домаќини на 8-то Европско првенство во ракомет за жени – сениорки.

 |  Крсте Голабовски  | 
Biljanini izvori
Биљанини извори
Се е подготвено за најголемиот спортски настан од осамостојувањето на Република Македонија, Охрид  и  Скопје од денеска до 14 декември ќе бидат домаќини на 8-то Европско првенство во ракомет за жени – сениорки.

Подготовоките на кои интензивно се работеше последниов период се готови и тоа навистина добро.Околу спортската сала „Билјанини извори“се обележија паркинг местата, уредени се  зелените површини, поставени се  граничници пред главниот влез, а надворешноста на салата„Биљанини извори“ во Охрид, доби нов лик, се тоа по европските стандарди. Охридскиот градоначелник се осврна на недостатокот од внимание кое медиумите во целата држава го посветија на овој вонсериски спортски настан.

sportska salaШто се однесува пак до тоа колкавав интерес ова првенство ќе предизвика кај Охриѓани, е тоа е веќе друга приказна. Ако се има во предвид  дека цената на билетите во Охрид е доста висока за нашиов ионака преоптеретен стандард, надежите не треба да се многу високи, доколку не се случи некое чудо. Се работи на тоа да се намали висината на влезниците која зе Охри д е фиксна и изнесува 900 денари, додека во Скопје може да се најдат влезници ид 200, 600 и 800 денари.

Покрај работите на спортската сала и хотелите кои ги примија сите учесници, се на соодветното ниво. Во секој случај задачата исправена пред Локалната самоуправа и Ј.П„Биљанини извори“ во целост и успешно е завршена, игрите нека започнат, а она што е  направено останува за нас и генерациите кои доаѓаат после нас.

 

 

{loadposition content9}