Skip to main content

Советниците прашуваа, градоначалникот одговараше

Советниците од опозицијата, власта, како и независните советници прашуваа за зафатите на Плаошник, до каде е реализацијата на проектот за Љубаништа, прашања околу процесот на легализација на градби, но и прашања околу долгот на општината и капиталните инвестиции кои локалната планира да ги оствари.

 |  Мишел Наумоски  | 
sovet
совет

Осмата седница на советот на општина Охрид со единствена точка, советнички прашања. Се прашуваше за се од тоа до каде се зафатите на Плаошник и што таму се прави, па се до тоа какви капитални инвестиции планира да реализира локалната. Токму прашањето за тоа што се прави во рамките на Плаошник повторно го актуелизираше советникот од СДСМ, Томислав Тунтев, кој изрази сомнеж дека дел од зафатите таму се незаконски.

sovetnicki prasanja„До мене не стигнала никаква забелешка од страна на граѓаните околу локалитетот Плаошник, ниту наоѓам што е она на што треба да реагираме, која е вашата забелешка, ако имате некоја конкретна забелешка еве јас ќе земам лично обврска да ги проверам вашите наводи и доколку има дел кој што наштетува на интересот на граѓаните на Охриде, еве земам лично обврска да реагирам до државните органи да тоа се корегира или евентуално да се прекине со работа.“-рече градоначалникот Никола Бакрачески.

Советникот Дејан Паноски од редовите на власта, побара објаснување од локалната какви капитални инвестиции се планира да бидат остварени. Како дел од таквите активности, секретарот на општината, Димитар Спасески ја најави индустриската развојна зона која ќе ја формираат во месноста Мауцкер.

prasanja sovet„Точно се дефинирани позициите каде што е вратено земјиште со прецес на денационализација. Практично првично замислениот влез на самата зона Мауцкер е вратен со денационализација. Тоа сега се отстранува и дополнително при крај е процесот на комуникација со Министерството за одбрана каде постои определен интерес да се отстапи земјиштето кое е сопственост на Министерството за одбрана. За многу скоро време очекуваме чиста локација со запишани права на општина Охрид и веднаш потоа пристапуваме кон цртање на плацовите кои им се потребни на потенцијалните инвеститори.“-вели Димитар Спасески-Секретар на општина Охрид.

Професор д-р Јован Стојаноски, од редовите на опозицијата, го запраша градоначалникот колку и дали општина Охрид е активно вклучена во активностите околу проектот во туристичката индустриска развојна зона во Љубаништа. Бакрачески со одговор.

Sovetnicki prasanja„Тоа е отворена постапка со јавен оглас кој најпрво инвеститорот треба да го добие односно да биде победник на тој јавен оглас па после да разговараме за реализација. Сигурно дека ние имаме проактивно учество иако немаме ингеренции во овој дел од преговорите да учествуваме како рамноправни преговарачи, но постојано го следиме процесот, добиваме информации, бараме информации и од едната и од другата страна за тоа до каде се подготовките за реализација на еден ваков проект односно до каде стигнале преговорите.“-изјави Никола Бакрачески-Градоначалник на Охрид.

Градоначалникот Бакрачески со смирувачкиодговор и на прашањето околу справувањето со бучавата во текот на летната туристичка сезона.

osma sednica sovet„Во поглед на пречекорување на дозволениот лимит на создавање на бучава од страна на било кој локалитет во градот, посебно во централното градско подрачје, ќе има ригорозни казни, и тоа јас како градоначалник не отстапувам, ќе мора сите да сносат санкции ако го прекршат законот во делот на нарушување на лимитот на дозволена производствена бучава. Јас колку што знам инспекциските служби постапуваат според договорот кој ние го постигнавме со нив, согласно законските одредби, и сметам дека во тој дел нема да имаме поголеми проблеми во делот на одвивање на летната сезона.“-рече Бакрачески.

На прашањето на советникот од редовите на СДСМ, проф.д-р Јован Стојаноски околу тоа дали локалната има посебна стратегија за спречување на миграцијата на младите луѓе од Охрид, градоначалникот Бакрачески со одговор дека сите активности кои локалната ги насочува кон капитални инвестиции, привлекување на странски инвеститори, отворање на работни места и подигнување на стандардот се всушност насочени кон спречување на миграцијата посебно на младите кадри од Охрид. На денешната седница неизбежно беше и прашањето околу најгорливиот проблем на општина Охрид, наталожениот долг. Во врска со тоа, градоначалникот Бакрачески, најави дека за брзо време, овој долг ќе биде намален за милионска сума, а со конкретни бројки вети дека ќе излезе за месец дена, кога ќе обелодени и на каков начин ќе се справуваат со остатокот од долгот.

{loadposition content9}