Јајцата и производите од животинско потекло се продаваат во затворен простор
Јајцата и производите од животинско потекло се продаваат во затворен простор.
Конечно, во охридскиот пазар јајцата и млечните производи се продаваат во затворен простор. На отворен простор, според законските прописи, повеќе не е дозволено да се продаваат јајца и производи од животинско потекло. За запазување на прописите градски пазар обезбеди просторија во која се дислоцираа тезгите за продажба на овие производи, информира в.д. Виолета Цепенкоска.
„ Просторијата е на околу 30-тина квадрати и ги задоволува моменталните потреби од закупците. Понатака во рамките на нашите можности ќе ги подобруваме условите кои сега се минимално технички. Има вода, санитарен јазол, правилник за одржување на просторијата, а и редовни инспекциски контроли на продавачите и производите“.
Засега во просторијата има 8-мина закупци на тазги кои продават јајца. Во понеделник, кога е пазарен ден во Охрид, има околу 15-тина закупци на тезги за продажба на млеко и млечни производи, напоменува Цепенкоска. Во претстојниот период планираат подобрување на условите со инсталирање на клима уред. Со дислокацијата на продавачите на производи од животинско потекло цената на тезгите е непромената. Продавачите на јајца се задоволни од новите услови каде што се врши продажбата на нивните производи.
„ Презадоволни сме. Заштитени сме и ние и производите. На затворено сме не ни врне и не не печи сонце. Редовните купувачи доаѓаат, не наоѓаат и купуваат, вели Беким Ајдар од живинарската фарма „Јашар“.
Од преземените активности на ЈП „Градски пазар“ е задоволен и ветеринарниот инспектор. Го поздравува дислоцирањето на тезгите на кои се продаваат производите од животинско потекло.
„ Јајцата се прибрани во затворена просторија, секако не е идеално решение , но е сепак решение да не се изложени на сонце и топлина и продавачите и производите“, нагласува д-р Прокопи Поп Стефанија.
Од ЈП „Градски пазар“, информираат дека во план заедно со Локалната самоуправа имаат решавање на проблемот со избор на локации за пазар на големо и за сточен пазар. Во моментов, во Охрид, продавачите на големо и на стока немаат соодветна локација каде што би ги продавале своите производи.
{loadposition content9}