Skip to main content

Повнимателно со личните предмети – крадците демнат

Повредните лични предмети вообичаено мета на крадци.

 |  Маленкова Татјана  | 
kradec
kradec

Ако едни доаѓаат во Охрид да одмораат, други доаѓаат на печалба. Охрид во летен период вообичаено мета на крадци. За време на туристичката сезона  како по некое непишано правило има  зголемување на казнените дела кражби кои првенствено се случуваат  на плажите во крајбрежјето, но и во домовите на оние кои заминале на одмор. Од СВР велат дека и оваа сезона  во секторот евидентирано е благо зголемување на ваквите казнени дела. Портпаролот Стефан Димовски вели дека СВР Охрид делува пред се превентивно, со цел елиминирање на ваквата појава. Тој додава дека годинава како и минатата полициски инспектори во цивил буквално се наоѓаат на секој дел од крајбрежјето со цел да се пронајдат сторителите на ваквите дела.

„Практично од 1 јули ние имаме интензивни патроли кои се случуваат и одвиваат од централното градско plazaподрачје, према плажите во текот на денот. Намален е бројот во однос на минатата година во овој период на ваквите казнени дела. Верувам дека тоа се должи и на поставеност на полициската служба но исто претпоставуваме дека во наредниот период бидејќи се очекуваат значителен број на туристи во втората половина од јули претпосвуваме дека интензитетот на ваквите дела ќе има тенденција на пораст“, вели портпарол на СВР Охрид, м-р. Стефан Димовски.

Димовски додава дека СВР годинава при елиминирање на оваа појава ќе користи искуства од минатите години, но  ќе воведе и нови. Токму овој начин на работа на секторот му овозможи да се пронајдат повеќе лица од Битола, Прилеп и други градови кои доаѓаат во Охрид да оперираат.

„Таквите лица се пронајдени и против нив се поднесени кривични и прекршочни пријави и тие се лица кои помалку или повеќе се познати на службата. И оваа година ќе биде така. Ние ќе продолжиме поинтензивно бидејќи очекуваме Охрид ќе бид епосетен од значителен број на туристи и на туристи кои сакаат да спечалат во Охрид во овие летни денови“, додава Димовски.

kradci Димовски апелира до сите граѓани но и до туристите да водат посебно внимание за своите вредни предмети, бидејќи крадците постојано демнат. На плажите најмногу мета на крадците се паричници, мобилни телефони , лап топ компјутери, фотоапарати. Од СВР не обелоденуваат статистика колку вакви предмети се украдени оваа сезона, и додаваат дека во овој момент е премногу рано да се излезе со  бројки. Портпаролот само додава дека споредбено со минатата година оваа бројка на кражби е намалена. Според Димовски ова се должи на одличната подготвеност на СВР преку своите служби и велосипедската полиција специјално подготвена за делување во тешко пристапни места како што се плажите, но и на послабата туристичка сезона до овој момент.

Покрај со крадците СВР води интензивни акции за сузбивање на питачењето. Ваква поуспешна акција имаше минатиот месец кога во соработка со центарот за социјални работи беа пронајдени околу 60 лица од други градови кои вршат питачење во Охрид.

И за крај еден апел до сите оние кои следниов период ќе одат на летување. Податоците дека не сте дома не е паметно да се споделуваат на социјалните мрежи бидејќи истите можат да им бидат корисни на неканети гости кои ќе ви го претрест домот додека вие се сончате на море.

{loadposition content9}