Skip to main content

Пикантно издание на Шекспировиот „Хамлет“ утревечер на Охридско лето

„Хамлет во пикантен сос“ е урнебесната комедија на младата режисерка Александра Кардалевска, која за прв пат настапува на овој престижен фестивал.

 |  Мишел Наумоски  | 
hamlet
хамлет

Урнебесно комична верзија на Шекспировата класика „Хамлет“ утревечер на програмата на Охридско лето. „Хамлет во пикантен сос“ е комедијата со која за прв пат на Охридско лето ќе настапат и театарот „Комедија“ од Скопје, но и режисерката на оваа претстава, Александра Кардалевска. Според неа, „Хамлет во пикантен сос“ е претстава која создава амбивалентен однос кон животот, храната и смртта.

„Истата таа приказна е ставена во други околности. Имено дејството се случува во кујната на дворецот, мрачниот дворец „Елсинор“ каде што главниот готвач Фроги, ги прави сите сплетки на некој начин, стихијно ја креира оваа Шекспирова драма, приказна.“-вели режисерката, Александра Кардалевска.

Aleksandra KardalevskaА токму љубопитниот кралски готвач Фроги е еден од главните ликови кои со своите сплетки во претставата ја носат комедијата но со трагичен крај.

„Фроги во самиот текст кажува на едно место: „…Видовте ли како се промени Хамлет после мојата шега…?“ Значи тој што ја смислил таа шега, завршува многу трагично, и за се е тој виновен, и за пеперутките на кралот, и за сатарот на овој, итн. Сфаќа малку покасно дека се што направил, умреле луѓето, ја демистифицира приказната на Хамлет преку една кујна, преку нешто што се вика општо познато живеење, наспроти зготвената шега за да се одмазди на Хамлет заради тоа што не му ја сака храната, што му прави проблеми во кујната.“-рече актерот Крсте Јовановски.

hamlet vo pikanten sosНишто помалку пикантна не е ниту жената на Фроги, страствената италијанка Кети.

„Како секоја италијанка, полна е со страсти, со љубов, како кон храната, така и кон мажите, и не се така славно се завршува и пред се таа живее на ниво на инстинкт, на претчувство, повеќе отколку на мисла. Не размислува многу, но се чувствува, и се што ќе почувствува е она правилното. И не случајно стои една реплика каде Фроги ќе и каже : „…Замолчи, прокобо!“. Затоа што се што ќе каже, се се исполнува.“-изјави актерката Зорица Стојановска.

Центар пак на сите случувања е секако младиот принц Хамлет.

„Хамлет е како рок ѕвезда во светската драматургија, секогаш така сум го доживувал и во разговор со Александра се договоривме како ќе го градиме ликот и моја идеја беше тоа да го почнеме така како една рок ѕвезда, како еден мега-популарен, нели во дворот постојано се зборува за него, за неговата депресија, дека имал некои проблеми…“-вели актерот Атанас Атанасовски.

Jelena ZugicИнаку во своето двегодишно постоење, младиот театар „Комедија“ за прв пат настапува на Охридско лето, а изминатите две години им биле исполнети и бурни.

„Многу се случи. Ова ќе ни биде петта премиера, петта различна премиера. Се случија многу нови имиња. Убавината во театар „Комедија“ е што не само што е нов по километража како театар, навистина само две сезони постоиме, туку и ансамблот е нов, создаден е од актери, луѓе кои ја почнуваат својата кариера, штотуку излезени од студентските клупи и ја почнуваат токму во театар „Комедија“.“-рече директорката на НУ Театар „Комедија“, Јелена Жугиќ.

„Хамлет во пикантен сос“, ќе можете да ја проследите утревечер на новата сцена на Охридско лето, во дворот на ОУ „Свети Климент Охридски“ со почеток во 21 часот.

{loadposition content9}