Второ издание на фестивалот „Песна на летото“
Годинава, со три фестивалски вечери посветени на изворната, новокомпонираната и патриотската, родољубива македонска народна песна.
Фестивалот „Песна на летото“ ја гради својата традиција. Годинава се одржува по втор пат, а на него ќе настапуваат некои од најпознатите имиња на македонската фолк сцена. За разлика од минатата година, второто издание на фестивалот, далеку побогато, со песни и изведувачи.
„Оваа година организираме три вечери, поточно две вечери кои што ќе бидат како организација „Песна на летото“ и третата ќе биде ревијална вечер. За неа повеќе ќе каже колегата Пеце Здравковски, директорот на „Гоце фест“. Првата вечер која ќе биде вечерва, ќе биде вечер на народни препеани староградски песни и ќе бидат испеани од еминентни пејачи од Македонија. Јас би им порачал на сите кои што имаат желба и кои се чувствуваат вистински македонци и безразлика и на останатите наши гости, да дојдат, да ги слушнат најпознатите имиња во Македонија.“-вели организаторот на фестивалот „Песна на летото“, Иван Пашоски.
Втората фестивалска вечер ќе биде посветена на новокомпонираната македонска фолк музика, додека третата вечер ќе биде ревијална и на неа всушност ќе се одржи „Гоце фест 2013“ како соработка со Лав продукција, со песни испеани на изминатите 24 изданија на овој фестивал.
„Идејата да оствариме една ваква прекрасна соработка со организаторите од Охрид, продукција „Лав“ и Иван Пашоски, пред се потекна од сето тоа што годинава како јубилеј се случува во нашата држава. Познато е тоа се 120 години од формирањето на ВМРО во Солун, 110 години од Илинденското востание и загинувањето на Гоце Делчев и 100 години од трагичната поделба на Македонија со Букурешкиот договор.“-рече директорот на фестивалот „Гоце фест“, Пеце Здравковски.
Покрај убавите рефрени, еве што друго може да очекува присутната публика.
„Случувањето е во Античкиот театар, цената изнесува сто денари, ќе се забавувате и ќе уживате. Ќе имаме многу хумор со комичарот Ранко Рангелов и други изненадувања. Се разбира нема да ги откриеме сега. Тоа препуштаме на публиката да биде присутна и да биде дел од Антички, така да ќе може да го види сето она што го имаме подготвено.“-изјави водителката на фестивалот „Песна на летото“, Ружица Крстовска.
Инаку, фестивалот „Песна на летото“ започнува вечерва, а втората и третата вечер ќе бидат на 24 и 25 јули.
{loadposition content9}