Skip to main content

Македонската песна е посебно ценета во дијаспората

Младите иселеници од Македонија докажани музичари во далечната Австралија. За нивниот успех сакаат да се пофалат пред своите сонародници. Еден од нив е Љупчо Стојчевски музичар од Сиднеј. Деновиве тој престојува во нашата земја од две причини, пред се да се одмори, а резервирал некој ден и работно да се ангажира.

 |  Николоска Биљана  | 
avstraljanec
австралјанец

avstraljanecМузиката ми е работа, студирав за кларинет и саксофон  во Сиднеј, настапувам во неколку групи и за се тоа сакам да дознаат моите сонародници од Македонија, раскажува за ТВМ младиот иселеник во Австралија Љупчо Стојчевски. Тој после 7 години доаѓа во Охрид и Битола, да каже како нашите во Австралија ја промовираат македонската култура и музика.

„Целта наша е да се промовира македонската култура и музика надвор од македонскиот народ и сакаме Македонија да дознае за тоа. Тука сум до септември а вечерва ќе одам на фестивалот на песна во амфитеатар во Охрид, сакам да видам со каков квалитет се работи“.

Стојчевски тргнал по стапките на татко му кој исто така професионално се занимава со музика во Австралија.avstraljanecВели дека таму не е лесно да се живее со заработка од музика, посебно ако за тоа немаш соодветно образование. Но сепак за него не е така.

Од македонската музика не можиш да живееш од свадби и крштевки. Значи јас свирам во латино амерички групи, џез, одам на турнеи во Кина, Малезија, значи има работа ако имаш студирано музика каде што можиш да читаш музика и ако ја познаваш и останатата музика не само македонската. За мене лично има работа и можи да се живее и добро е платено.“

Стојчевски не ретко во Австралија настапува и хуманитарно. Средствата ги наменуваат за помош на црквите во Австралија. Негова голема желба е да сними спот во Македонија. Па веруваме дека за повеќе од месец колку што Стојчевски ќе престојува во македонија ќе му се исполни и таа желба.

{loadposition content9}