Skip to main content

Обемна седница на градскиот совет

Советниците расправаа за 54 точки.

 |  Маленкова Татјана  | 
sednica na sovet
седница на совет

Обемна деветта седница на совет. Советниците дисутираа за технички но битни прашања за Охрид и граѓаните на овој град.
Во првиот дел на седницата се разгледуваа извештаите за работа на пооделни сектори и одделенија во рамки на општина Охрид. Во однос на овие извештаи координаторот на совтничката група на СДСМ Томислав Тунтев забележа зошто некои од извештаоите се однесуваат  на период од три месеци, а други на шест.

„Нашиот  предлог беше кварталните извештаи кои не се законска обврска но се практика на разгледување во советот да бидат на разгледување во советот за извештајниот период ако се работи за третиот квартал за извешјаниот период од третото тромесечје и комулативно да бидат дадени првите шест месеци. Или сегашните извештаи кои ги разгледувавме  второто тромесечје па комулативно на крајот за првите шест месеци. Се работи само во разлика на начинот на изразување на податоците, но со тек на време очекуваме ова да биде унифицирано за да можеме полесно да ги споредуваме податоците во однос на минатата година за истиот извештаен период“, истакна координатор на СДСМ, Томислав Тунтев.

Секратарот Димитар Спасески пак, потенцираше дека во периодот откако тие се локална самопуправа во sednica na sovetопштината има сериозен прилив на средства и голем дел од наследените обврски веќе почнуваат да се сервисираат. Тој рече дека токму овие извештаи покажуваат напредок во областа која се однесува на буџетот како и напредок во однос на работењето на пооделните сектори. Тој посебно ја истакна рабоатата на секторот за Локален економски развој,кој како што рече донесол бројни проекти и аплицирал на бројни конкурси.

„Можам да известам дека точно е дека имавме и три месечни и шест месечни извештаи, но тоа е согласно кои извештаи советниците ги разгледале во првото тромесечие. Извештаите кои сега ги разгледуваме како три месечни се разглдеани, а четирите извештаи кои се разгледуваат се однесуваат на подолготрајна материја која е потребна поголем дел од годината да се направи анализа се однесува на комунални такси данокот на имот и на извршување на буџетот. Потребно е за се разгледуваат шест месечни извештаи, а советниците не ги имаа разгледувано во првото тромесечие. Зависно кој сектор кое оделение од суштината на самиот извештај така ќе ги разгледува советот“, вели секратарот на општина Охрид, Димитар Спасески.

sednica na sovetНа денешната седница на совет се дискутираше и за Предлог Одлука за усвојување на Годишниот Извештај за работа на  детска градинка „Јасна Ристеска“за учебната 2012-2013 година, како и за потребата од отворање на нови простории во Јасна ристеска во Лескоец и Велгошти.  
Од ВМРО НП сметаат дека оваа идеја е одлична, но имаат забелешки на начинот на кој се планира да се реализира истата.  „Неможе да се користат простории во самите училишта како тарпезариите и кујните, затоа што овие простории се за децата кои учат во ОУ“, По се изгледа ќе се импровизира“. вели советникот Јоне станкоски. Тој вели дека нема да дозволат да се импровизира со деца од две до 6 годишна воздраст.

„Министерството за труд и социјала пропишало правилник, нормативи кои се потребни за организрање на детска градинка. Согласно тие нормативи овие простории не ги задоволуваат потребите за згрижување на деца. Прво потребен е посебен влез за организирање на оваа дејност. Потребем е двор заграден, а во училишта има контакт со надворешната средина“, обвинува советникот од ВМРО НП, Јоне Станкоски.

Од ВМРО ДПМНЕ пак во целост ја подржуваат идејата на локалната и додаваат дека треба да се почека да отпочне реализацијата со проектот, пред да се прејудицира дека условите за згрижување на децата нема да бидат соодветни.

„Тоа се простории во селата Лескоец и Велгошти  во склоп на основните училишта, бидејќи голем е бројот на дечиња кои треба да се примат и голема е листата на чекање. Ве уверувам дека сите услови ќе бидат задоволени за да може да се чуваат тие дечиња и да може градинката нормално да функционира.  Од сојузот на иднината – пропаст обвинуваат пред да видат нешто. Прво треба да ги направиме па да кажат дали се добри или не. Да оставиме на времето па да видиме дали се во право или не“, вели Сашо Донев, координатор на ВМРО ДПМНЕ.

На денешната седница се скоро половина од точките на дневен ред се однесуваа на предлог одлуки за утврдување на потреба од измена на урбанистичко планска документација за легализација на бесправно изградени објекти.    

{loadposition content9}