Skip to main content

Одбележување на Светскиот ден на лицата со хендикеп

Националниот Совет на инвалидските организации на Македонија денеска, во Домот на хуманитарните организации „Даре Џамбаз”,  ќе го одбележи Светскиот ден на лицата со хендикеп, 3 Декември.

znak
знак
Националниот Совет на инвалидските организации на Македонија денеска, во Домот на хуманитарните организации „Даре Џамбаз”,  ќе го одбележи Светскиот ден на лицата со хендикеп, 3 Декември.
Во рамки на прославата, Советот ќе му додели Златна плакета на премиерот Никола Груевски, за неговото лично ангажирање за помош, поддршка и дефинирање на социјалниот статус на лицата со инвалидност. На  ДХО „Даре Џамбаз”, пак, ќе му биде врачена благодарница и статуа „Мајка Тереза”.
Со пригодна програма ќе настапат ученици од посебните училишта во Скопје „Димитар Влахов”, „Партенија Зографски” и „д-р Златан Сремац”.

 

hendikepВо Националниот Совет на инвалидските организации на Македонија членуваат Сојузот на слепи, Сојузот на глуви и наглуви, Сојузот на телесно инвалидизираните лица, Републички центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“, Сојузот на инвалиди од војната, Федерацијата за спорт и рекреација на инвалидите и Сојузот на инвалиди на трудот на Република Македонија.

 

{loadposition content9}