Конечно во Охрид ќе заживее и руралниот туризам
Охрид има одлична можност за развој на руралниот туризам, смета министерот за земјоделие, Љупчо Димоски. Тој изрази волја за поддршка и развој на руралниот туризам со Владини средства, што пак е од голема важност за Охрид.
Охридскиот регион со езерото, високите планински масиви, реките и чистиот воздух, живописните селски населби со домаќинства, со влез на инвестиции, се смета за подрачје со висок потенцијал што треба да се искористи, за развој на руралниот туризам. Токму поради тоа министерот за земјоделие Љупчо Димовски на средбата со охридскиот градоначалник Никола Бакрачески вети владина помош за развој и поддршка на руралниот туризам
„Ние со општина Охрид во делот за развој на туризамот не би можеле да имаме некоја конкретна соработка, но во делот на руралниот туризам во селата околу Охрид во градењето на одредени инфраструктурни објекти, мали селски патчиња, улички и подобрување на животот во самите села, тука можеме навистина плодно да соработуваме“.
Градоначалникот Никола Бакречески исто така смета дека развојот на руралниот туризам е од огромно значење за општина Охрид. Тој нагласи дека наредната недела веќе бил договорен координативен состанок, со цел да се согледаат реалните можности за развој на руралниот туризам посебно во селата Завој, Плаќе, Сирула, Вапила.
„Имаме голем број на посети од страна на туристи од Холандија и други странски туристи кои што пројавуваат интерес за партиципирање во тој рурален туризам со поддршка на министерството за земјоделие ќе имаме можност да извлечеме средства со кои ќе можеме да помогнеме на локалните жители или на луѓето кои што имаат намера да се занимаваат со руралниот туризам да создадеме предуслови да конечно во овие краишта на општина Охрид конечно профункционира руралниот туризам во права смисла на зборот“.
Последниве години руралниот развој во Охридскиот регион заживеа, но по се изгледа дека уште многу треба да се направи за селата во овој крај да доживеат подем и да станат атрактивни и економско исплатливи туристичка дестинации. Во овој момент најважно од се е дека покрај можностите и потребите за развој на руралниот туризам постојат и програми и средства за заживување на истиот.
{loadposition content9}