Концерт на „Љубојна“ на Антички во Охрид
Под покровителство на општина Охрид а во соработка со Охридско лето вечерва на Антички, дво часовен концерт ќе има етно групата „Љубојна“. Влезот е слободен. Пејачката Вера Милошеска ги покани сите, да ги слушнат бисерите на нашата лирска егејска песна „Твојте очи лено мори“, „Мори чупи костурчанки“ и. т. н.
„Љубојна“, етно-групата која најавтентично го пренесува пулсот на македонскиот мелос вечерва на Антички во Охрид. Очекуваме убава Охридска вечер и незаборавен концерт на групата „Љубојна“, во пресрет на двата големи верски празници, рече секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески.
„Ова е една од нашите зацртани цели и активности со цел на нашите граѓани и туристите да им понудиме повеќе културни настани, така што можам да ве известам дека годинава започнавме многу манифестации кои ќе станат традиционални и во иднина ќе ги надоградуваме не само во летниот период туку и на зимскиот период“.
Со нескриени страсти и огромна возбуда пред вечерашниот настап, Вера Милошевска открва дека Античкиот театар е идеално место за изведба на нивната музика.
„Многу сум среќна што ќе бидат токму во Охрид и токму во Античкиот театар зошто оваа музика која што ја свири „Љубојна“ има таков звук за кој што е неопходно многу простор да се рашири меѓу луѓето и да се рашири во просторот. Музиката која јас ја пеам јас многу сакам да ја делам со мојата публика а таа сакма да биде многубројна“.
Направивме проба на Антички, се помина како што треба подготвивме и многу изненадувања, рече Оливер Јосифоски.
„Она што „Љубојна“ го прави во т.н. „Брас фантази“ а меѓу нас кажано егејски брас оркестар, но да не провоцираме, вечерва ќе слушнеме многу музика ќе има многу пеење и играње“.
По втор пат со „Љубојна“ настапува и младиот струмичанец Џамбо Агушев кој ја има титулата прва труба на светот. Очекувањата на членовите на етно групата „Љубојна“, се дека вечерва во бисерот на балканот, Охрид, ќе одржат спектакуларен концерт кој долго ќе се памети и за кој многу ќе се прикажува. Концертот започнува во 22 часот а влезот е слободен.
{loadposition content9}