Skip to main content

Дали ЈП „Билјанини Извори“, ќе застане на свои нозе?

За една година ЈП „Билјанини извори“ ќе застане на сопствени нозе. Такви се прогнозите на првиот човек на ова претпријатие Иван Цветкоски. Клучот за спас на претпријатието да исплива од тешката финансиска состојба, е одлуката на Локалната за преземање на паркинзите кој стигнала во вистинско време.

 |  Николоска Биљана  | 
plivanje
пливање

cvetkoskiФинансиска криза со која се соочува ЈП „Билјанини Извори“, за една година ќе биде надмината, тврди првиот човек на ЈП Иван Цветкоски. Од една страна тој не крие дека доцнат со исплата на плати, но од друга страна пак на вработените им влева надеж дека до крајот на месец септември ќе бидат израмнети на две плати.

„Нели знаете дека ние започнавем со 5 плати во минус, она што можам да го потенцирам дека данокот спрема државата го подмируваме остана уште еден мал дел, заклучно со месец мај започнавме со исплата значи на месечниот износ по основ на потрошена електрична енергија, така што верувај те ми со одлуката на Локалната самоуправа во вистинско време за преземање на паркинзите, допринесе ние како ЈП барем во делот на плати и во делот на исплата на нашите доверители да ја започнеме де факто и здравје боже се надевам дека за една година ќе можеме да објавиме дека ќе дојдиме на позитивна нула не само во делот на платите, него и во делот на минатите загуби кој што ги имаме во делот на финансиите“.

bazenПокрај најавите за излез од финансиската криза, за наредната година Цветкоски ветува дека ќе се воведат многу дополнителни содржини кои ќе бидат организирани на повисоко ниво.

„Многу се битни локалните компании кои што можат да помогнат во растење на овој Спортско Рекреативен Центар и базенот како дел од тоа. Ние предвидовме да изградиме два терени за одбојка на песок сакаме да изградиме еден за фудбал на песок тоа е моментално голема традиција и има голема популарност во светот се надевам дека Охрид ќе биде првиот град во Македонија кој што че има еден ваков терен“.

Останува да го држиме Цветкоски за зборот, најавеното да го оствари, бидејќи сепак градот заслужува многу повеќе внимание да му се посвети за развој на спортот а секако и добро да менаџира како и вработените би биле уште повеќе стимулирани за реализација на целите на ЈП.

{loadposition content9}