Единствениот занаетчија на рачна резба на кожа и книговез остана без локација за тезга
Единствениот занаетчија на рачна резба на кожа и книговез остана без локација за тезга
Драган Георгиевски е занаетчија кој произведува разни употребни предмети со рачна резба на кожа и хартија. Тој е единствен занаетчија во градот со овие две уникатни и ретки дејности постојано обидувајќи се да биде креативен, следејќи ги светските трендови. Книговезството е нивна семејна традиција повеќе од 3 децении, занаетот го научил и наследил од неговиот татко. Додека тајните на рачната изработка на длаборез на кожа започнал да ги изучува самоуко, со многу труд, љубов и желба да се направи нешто ретко што потекнува од САД. Како и останатите занаетчии и Георгиевски макотрпно и трудољубиво се обидува да егзистира од својот труд.
„ Факт е дека кризата удира во сите гранки. Нашата не е исклучок и многу тешко се живее. Индустријата го прави своето, а рачната изработка изумира. Но, во нас е надежта дека ќе издржиме и нештата ќе тргнат напред.“
Георгиевски со големи симпатии гледал во најавите на Министерството за економија и Локалната самоуправа за т поддршка на занаетчиските дејности, посебно на оние кои се во изумирање. Се одлучил да аплицира на конкурсот на огласот од министерството за економија за финансиска поддршка на алати, бидејќи алатите и репроматеријалот со кои работи претежно ги набавува од увоз. Иако документацијата уредно ја испратил бил одбиен со образложение дека докуметите не му се оргинални и не се заверени на нотар, раскажува Георгиевски.
Се изјаловил и обидот преку јавниот оглас на општината да добие лоакција за поставување на тезга. Неговата работилница не е на фрекфентно место во градот и достапна за купувачите. Финансиски не може да си дозволи да изнајми дуќан во чаршијата за да биде поприсутен во јавноста. Затоа решил да аплицира на јавниот оглас и конкурирал во мај. Договорот за додела на локација го добил на 12 јули. Но, истиот ден му бил и раскинат заради недоразбирање што настанало помеѓу Локалната самоуправа и Завод и Музеј. Одобрената локација Завод и музеј веќе ја доделиле на друго лице, објаснува Георгиевски.
„Не ми беше понудена нити една можност за другат локација, било каде. И градежните инспектори се чудеа зошто нема друга локација за мене. И по еден месец чекам да ми ги вратат 10.400 денари кои ги упалтив, а тукасе и парите од 9000 денари кои ги вложив во изградба на тезга. Тоа е се дополнителен трошок за мене и изгубено време во општинската администарција“.
Инаку, тој ги поддржува обидите на Локалната самоуправа за средување на хаосот со урбаната опрема и се надева дека и тие ќе имаат слух за потребите на локалните занаетчии кои работат и живеат од својот макотрпен труд.
{loadposition content9}