Skip to main content

Заминуваат српските полицајци кои беа на должност во Охрид

Заминуваат српските полицајци кои беа на должност во Охрид.

 |  Валентина Неловска  | 
policajci
policajci

Утре Охрид го напуштаат полициските службеници Драган  Лукиќ од Белград и Славиша Илиќ од Ниш кои еден месец беа на работна задача во градот. Овие двајца српски полицајци беа дел од проектот за меѓусебна соработка за размена на полициски службеници помеѓу
македонската  и српската влада и Министерствата за внатрешни работи на двете земји. Искуството на српските полицајци  од едномесечниот ангажман заедно со македонските колеги  е позитивно. Тие раскажаа и за  средбите со нивни државјани кои се на летување во Охрид , а  кои не можеле да поверуваат дека нивни полицајци се работно ангажирани во Охрид..
priem policajci
„Немаше ризични ситуации и интревенции што можеа да ја загрозат безбедноста на туристите и граѓаните. Српските туристи се задоволни што има на кого да се обратат доколку имаат потреба од помош и се чувствуваат посигурни“.

Лукиќ и Илиќ на заминување ги прими  претседателката  на општинскиот совет Гордана Коњаноска. Д-р Коњаноска  им  се заблагодари на српските полицајци за нивниот ангажман од името на Локалната самоуправа.

„ Задоволството е големо затоа што се покажа дека проектот кој е договор на двете влади го зголемува чувството за безбедност. Акцентот на проектот е ставен на чувството за безбедност и сигурност на српските туристи и полицајците  успешно ја завршија својата задача“.

Во Охрид, утре  пристигнува нивната замена од  двајца српски полицајци. Тие ќе бидат работно ангажирани во градот до 15 септември.  

{loadposition content9}