Skip to main content

Изгоре семејна куќа во населбата Кошишта

Семејството Рустем остана на улица. Во пожар изгоре нивната семејна куќа. Тие бараат помош од институциите и од хуманите граѓани.

 |  Јаковлева Лионела  | 
пожар
pozar

Изгоре семејна куќа во населбата Кошишта. Во неа живееше шест члено семејство кое буквално е на работ на егзистенција. Единствен приход е дневницата на таткото Рамиз кој работи како молер. Во пожарот тие изгубија се што имаа од покуќнина.

Се ни изгоре. И покуќнината, телевизор, спалната. Се. Ништо не ни остана, вели мајката Дитурие Рустем.

Рамиз Рустем со солзи во очите вели дека куќата која изгоре ја наследил од татко му. Во неа вложил се што имал за да направи дом за своето семејство, а пламените јазици за час ја проголтале. Сега се буквално под ведро небо. пожар

Немаме каде да одиме. Сега сме надвор. Ке поправиме што можиме, но ги молам и хуманите луѓе да ни помогнат, вели таткото Рамиз Рустем.

Пожарот на улицата Андон Дуков бр. 13 се случил вчера попладе, раскажуваат соседите. Тие велат дека се слушнала експлозија најверојатно од плинска боца и веднаш потоа пламенот ги зафатил долниот и горниот кат од куќата. Соседите велат дека пожарникари со две возила веднаш по пријавувањето пристигнала и интервенирале.

Тоа ни го потврдија и од охридската противпожарна станица. Среќа во несреќа што пожарот брзо бил локализиран и не ги зафатил соседните куќи.

{loadposition content9}