Skip to main content

Комисијата од Унеско доаѓа во Охрид

Комисијата од Унеско  доаѓа во  Охрид.

 |  Валентина Неловска  | 
ezero
ezero

Министерството за култура упатило покана до Комисијата од Унеско да го посети Охрид и езерото, информира портпаролот Анита Јованоска.  Според портпаролот на ресорното министерство станува збор за  формална  покана.
„ Согласно Правилникот на Унеско сите градови и држави кои се на листата на заштита под Унеско, имаат обврска да ја информираат Комисијата на Унеско за сите аспекти од реализацијата на проектот.  Министерството за култура преку Националнат комисија за Унеско постојано има соработка и координација со Унеско и ги информираат за сите аспекти од реализацијата на преоктот. Во овој момент нема официјална потврда кога би дошла Комисијата од Унеско во Охрид. Се очекува одговор“.  

OhridОд министерството не даваат конкретно одговор за кој проект ја информирале  Комисијата од Унеско, но според Правилникот на Унеско повеќе од сигурно е дека станува збор за проектот изградба за хотелски  комплекс кај Св Наум.  
Од Завод и музеј потврдуваат дека ќе дојде Комисија од Унеско во Охрид, но според директорката Тања Паскали Бунташеска станува збор за редовна посета од која не треба да се очекува ништо спектакуларно.
Додека, пак, дел од охридските експерти се загрижени дали Охрид и езерото ќе го изгубат сегашниот статус и дали и понатака ќе бидат на листата на заштитено светско културно наследство под Унеско.

Дејан Паноски од Билатералниот секретаријат за заштита на езерото, кој воедно  е и член на  Националната комисија за Унеско во Скопје,  го потенцира ставот дека нивен приоритет е  заштита на езерото. Тие се против нарушување на  еко системот од било каква градба и на било која локација на езерскиот брег.

Некои експерти повикуваат да се запре деградацијата на Охридското езеро и духовното светилиште кај Св. Наум.  Архитектот  Маридеја Петров, која работи на меѓународни светски и европски проекти за заштита на културното наследство, укажува дека мегаломанскиот проект на индискиот бизнисмен Субрата Рој во Љубаништа не е потребен. Хотелите и казината кои би  се граделе тука не се поклопуваат со симболиката на светилиштето Св Наум, духовниот центар од светски размери, напоменува Петров. Тоа би било сквернавење на амбиентот кој треба да се остави недопрен и кој може многу повеќе да му донесе бенефит на градот со својата природна убавина, децидна е Петров.

{loadposition content9}