Skip to main content

Кејот се претвара во нова фестивалска сцена

Кејот се претвара во нова фестивалска сцена.

 |  Валентина Неловска  | 
bina
bina

Од синоќа на шеталиштето се поставува бина со огромни димензии  која го попречува движењето. Организаторите  на годинешното издание на „Охрид фест – Охридски трубадури“ велат дека ги имаат сите потребни документи и бината ја поставуваат со амин на Локалната самоуправа.  Веројатно понесени од фестивалската атмосфера надлежните институции со одобрението за поставување на бина  на кејот заборавиле и на пешаците,  моторџиите и велсосипедистите. Граѓаните не се воодушевени од идејата.
bina 1
„Како пешаци ни смета, а и на оние што возат , но се останува на градските валсти“.

„Да, пречи, нема од каде да се поминува, има туристи мора да кружиме и да поминеме низ кафулето за да одиме до чаршија“.
 
„Како велосипедист ми пречи ама во интерес на туристите една недела ќе се издржи“.
 
„Пречи се зема просторот на пешаците по шеталиштето“.

„ Подобро да е на плоштадот вака шеталиштето е заглавено“.

„ Ова треба да е на широко место, а каде ќе се собере народ, на плоштадот да е,  вака до езеро е“.

binaСекретарот на  Локалната самоуправа, Димитар Спасески  за ТВМ изјави дека ја прифатиле идејата на организаторот затоа што фестивалот бил бесплатен и нивна намера е фестивалот да биде достапен до поширокиот круг на граѓани.  Општината нема да му наплати на организаторот за поставување на урбаната опрема, затоа што преку фестивалот се промовирал градот, бидејќи спотовите за Охрид фест се вртеле на неколку балкански регионални телевизии. Се поставува прашањето дали фестивлот недоволно ќе го промовираше градот ако се одржеше на локацијата на Долни Сарај каде досега имаше 19 успешни изданија.

При тоа логично се наметнува прашањето дали Кејот  е добар избор на локација? Секретарот Спасески смета дека местото е сосема соодветно.
Во Локалната самоуправа размислуваат дури доколку постои интерес од организаторите и општинските стручни служби ако дадат зелено светло, пред советниците да се најде предлог одлука шеталиштето да се претвори во уште една фестивалска локација.  Тогаш програмата за поставување на урбана опрема ќе претрпи измени.
И, кога Охрид, конечно, годинава се ослободи од панаѓурскиот имиџ, очигледно во најава имаме нов фестивалски изглед на градот.

{loadposition content9}