Охриѓани користат потврди за здравствени услуги при летување и патување во странство
Охриѓани користат потврди за здравствени услуги при летување и патување во странство.
Се повеќе охриѓани, за летување во странство или пак патување, користат потврди за право на користење на здравствени услуги. Граѓаните се повеќе ги знаат своите права и ги бараат двојазичните потврди, информираат од подрачната единица на охридскиот Фонд за здравствено осигурување. Потврдите ги издава Комисија од фондот, на која претходно лицата кои патуваат во странство
во зависност од полот, доставуваат потврди од матичниот лекар и гинеколог. Овие потврди се бесплатни, напоменуваат од Фондот.
Во ФЗО велат дека двојазичните потврди важат само доколку корисниците на годишен одмор имаат потреба од итна медицинска интервенција.
„Врз основа на двојазичниот образец се користат бесплатни здравствени услуги, односно осигуреното лице на ФЗО се изедначува со осигурените лица на земјата каде што престојува. Ова значи дека доколку осигурените лица на таа земја се обврзани да платат партиципација за здравствената услуга, тогаш и осигуреното лице на ФЗО е обврзано да плати само партиципација, а другите трошоци ги надоместува македонскиот Фонд“.
Од фондот за здравство укажуваат дека вакви потврди се издаваат скоро за сите европски земји и соседството. Исклучок е Грција, а со Албанија постапката за склучување на спогодба меѓу двете земји е во тек.
Двојазичните потврди, како што информираат од Фондот, важат во Франција, Унгарија, Италија, Австрија, Хрватска, Турција, Словенија, Србија, Црна Гора, Бугарија, Германија, Босна и Херцеговина, Чешка, Холандија, Романија, Луксембург и во Белгија.
Во сите други земји со кои не е потпишана конвенцијата пациентот сам ги плаќа здравствените услуги, но по враќањето дома, како здравствен осигуреник има право на рефундирање на средствата.
{loadposition content9}