Циклус филмови од Столе Попов во Кино Бавча
Кино бавча ве поканува на циклус филмови, од еден од најпознатите македонски режисери Столе Попов.
Од 21 до 25 август во центарот за култура Григор Прличев во соработка со кинотека на Македонија во обновениот простор на Кино бавча или летно кино ќе се прикажуваат циклус филмови од еден од најпознатите и најреномирани македонски режисери Столе Попов. Проекциите започнуваат со Црвениот коњ, во кој главните улоги ги толкуваат Бата Живоиновиќ, Илија Џувалековски, Радмила Живоиновиќ , Коле Ангеловски, Мето Јованоски , Ристо Шишков. .. По него веќе во четврток љубителите на филмот ќе имаат можност да се потсетат на филмот „Среќна Нова 49“ .
„Џипси меџик“ е во петок во 21.00 часот, па „Тетовирање“ во сабота, намерно го поставивме во сабота, затоа што тоа се понови филмови и се интересни и за помладата публика. Во недела ќе се прикажуваат неговите три документерни филмови „Оган“, „Дае“ и „Австралија“. Тоа се три кратки документарни филмови. Проекциите започнуваат во 21.00 часот во Кино Бавча и влезот е слободен. За филмовите има и англиски превод, за да можат да ги гледаат и туристите странци во Охрид“, вели директорката на центарот за култура Григор Прличев, Драгана Боцевска.
Ове филмови и покрај тоа што се доста емитувани сепак интересот да се гледаа повторно и тоа на големото платно во амбиентот на Кино бавча е огромен. Влезот за проекциите е слободен.
Боцевска вели дека се додека ги служи времето, во Кино Бавча ќе се емитуваат филмови. По циклусот филмови од Попов ќе се продолжи со Европски филмови, а за следниот период го најавуваат „7 дена во Хавана“, па „Погледот на љубовта“ филм од британска продукција.
„За наредниот период предвидуваме и детски флмови синхронизирани на македонски јазик „Кралот на пингвините“и циклусот од браќата Грим ќе продолжиме да го емитуваме во соработка со кинотека. Детските филмови ќе бидат со поевтина цена – симболична со цел да не биде бариера цената. Ќе имаме и организирани проекции. Значи наредниот период е резервиран за европски и детски филмови3, вели Боцевска.
Боцевска вели дека во месец јуни се покажало дека публиката се враќа кон отворената сцана на Кино Бавча. Таа додава дека интересот бил голем за документарните филмови кои се прикажуваа во соработка со кинотека на Македнија, како и за прикажувањето на европските филмови од Чешки и Полска.
И покрај тоа што кино бавчата се отвори летово, директорката признава дека му треба доопремување. „Ќе видиме дали овој простор ќе остане отворен, дали ќе се прави нова проширена сала, во секој случај за просторот има повеќе идеи, а која ќе биде најприфатлива и најубава таа ќе се реализира. Просторот ќе продолжи да се досредува“, категорична е Боцевска.
Кино Бавчата беше отворена на 14-ти Јуни , во Охрид, со фестивалот “UFO 2”,
{loadposition content9}