Општина Струга ги бојкотира Струшките вечери на поезијата
Општина Струга ги бојкотира Струшките вечери на поезијата. Причината е непочитување на Законот за употреба на јазиците од страна на раководството на СВП. Директорот на оваа реномирана поетска манифестација не сакаше да дискутира за бојкотот бидејќи со тоа на СВП им се давала политичка конотација.
Општина Струга оваа година ќе ги бојкотира Струшките вечери на поезијата. Причината, како што вели Градоначалникот Зијадин Села е непочитување на Законот за употреба на јазиците од страна на раководството и директорот на СВП. Села барал освен на македонски и англиски оваа манифестација да биде преведувана и на албански јазик. Тоа негово барање било одбиено со едно за него нелогично објаснување, а тоа е дека манифестацијата ќе била пренесувана во живо на првиот канал на националниот сервис.
Струга е мултиетничка општина каде повеќе од 60% од населението е албанско па на локално ниво покрај македонскиот, официјален јазик е и албанскиот, рече Села. Не разбирам како на една манифестација на која се зборува на сите светски јазици не може да се зборува албански, додаде тој.
Мите Стрезовски, директорот на СВП на пресс конференцијата која се одржа во чест на лауреатот
не сакаше да дискутира за бојкотот на струшкиот Градоначалник.
Јас сметам дека ова не е вистинското место забило каквио коментари. Не би сакал манифестацијата да добие политичка конотација, рече Мите Стрезовски, директорот на СВП.
Останува да видиме дали ќе се изпеглаат односите меѓу актуелниот градоначалник на Струга и раководството на СВП па наредната година општината ќе биде достоен домаќин како што и и доликува на оваа светски реномирана манифестација.
{loadposition content9}