Професори од Клиника лекуваат пациенти во охридската болница
Професори од Клиника лекуваат пациенти во охридската болница.
Веќе шест месеци на интерното одделение во охридската болница пациентите закажуваат медицински прегледи кај тројца врвни специјалисти, професори од Клиниката во Скопје. Оваа можност следува по владиниот проект во насока на ублажување на дефицитот од лекари специјалисти во болницата. Со ваквото решение и пациентите и болницата имаат голем бенефит, информира портпаролот на болницата д-р Сашо Василески. Болницата на тој начин го пополнува недостигот од специјалисти, а пациентите заштедуваат време и пари за патување до Скопје, појаснува Василески.
„ Професор Тања Чапаровска од пулмолошката клиника, професор Глигороски исто така од пулмолошката клиника и Нада Марина од ревматолошката клиника доаѓаат во инетрнтото одделени и ги лекуваат пациентите. Глигоровски е активен професор, додека Чапаровска и Марина се пензионирани, но активни професри, кои работат дневно во амбулантата на термин кој се закажува кај мене“, напоменува д-р Василески.
Општа болница Охрид од неодамна официјално стана и регионален медицински центар во кој се лекуваат пациенти од повеќе градови на југозападниот регион. Проблем на пациентите, но и на менаџерскиот тим е недостигот на специјалисти. Постојано има случаи кога од разни причини се намалува бројот на лекари специјалисти од сите области. Во изминатиот период не е правена развојна кадровска политика па сега се чувствуваат последиците, вели д-р Василески. Посочува дека во идните разговори со ресорното министерство клучно барање ќе им биде кадровска до екипираност на болницата.
„ Не може модерна болница да има кадровски дефицит на сите одделенија. Ако се има во план развојна политика на болницата мора да има и спремни екипи. На уролошкото одделение недостасуваат 3 леспремникари специјалисти, сериозен проблем е недостатокот од анестиолози, кои се потребни и во Струга и во Костозглобна, гинекологија има кадровски дефицити од 3 леакјри, потоа и на одделот на отоларингологија недотасуваат 2 лекари, на нервопсихијатрија исто така. Недостигот од лекари не е само во охридската болница тоа е проблем на ниво на државата, а свесни сме дека ресорното министерство не може веднаш да ги реши и кадровските и просторните проблеми за кои со години наназад не е водена грижа и не е вложувано.“
За еден лекар да стане специјалист е потребен временски период од 10 -15 години, а просечната старост на лекарите во охридската болница во моментов е 55 години, што не е дозволиво, укажува д-р Василески.
{loadposition content9}