Денес се празнува големиот христијански празник- Успение на пресвета Богородица
Денес се празнува големиот христијански празник- Успение на пресвета Богородица. Црквата „Света Богородица“ Каменско беше претесна да ги прими сите верници кои дојдоа да и оддадат почит на мајката божја. Овој празник е многу значаен велат верниците, па во минатото многу момчиња и девојки токму на овој ден го кажале своето судбоносно да.
Голем број верници не само од Охрид туку од сите краеви на Македонија и пошироко утрово ја посетија црквата „Света Богородица“ Каменско. Денес се празнува големиот христијански празник- Успение на пресвета Богородица. Тие запалија свеќи и се помолија за здравје и благосостојба.
Успение на Пресвета Богородица или Голема Богородица е голем христијански празник кај православните, посветен на смртта на Марија, мајката на Исус Христос. Христијаните веруваат дека, како и Исус, и Богородица по смртта воскреснала и заминала на небото, како со душата така и со телото. Оттаму и називот успение, што значи искачување. Овој ден се празнува на 28 август по стариот календар, или 15 август по новиот календар.
Црквата нѐ учи дека Марија, мајката на Исус, завршувајќи го текот на земниот живот на најсвет начин, била преземена со тело и душа во небесна слава, вели верникот Љупчо Маслов.
Пред празникот се пости 14 дена, а на овој ден се мрси со најубави јадења. Во минатото се правеле голем број обичаи, а многу момчиња и девојки токму на овој ден го кажале своето судбоносно да.
Во црквата Света Богородица Каменско утрово имаше света богослужба со која чиноначалствуваше Г. Тимотеј. Празникот се одбележа и во сите други цркви кои го носат името на мајката божја.
{loadposition content9}