Skip to main content

Локалната подготвена за новата учебна година

Во изминатите три месеци Локалната интензивно работела на решавање на натрупаните проблеми во образованието. Школската година ќе ја започнеме со подмирени долгови и чисти сметки, вели Димитар Спасески , секретарот на локалната.

 |  Јаковлева Лионела  | 
ucilista
училишта

Проблемите во охридските училишта испливаа на површина. Димитар Спасески, секретарот на општина Охрид на десетата седница на совет обелодени дека ниту едно училиште од градов не може да извади имотен лист бидејќи никој досега не се потрудил да ги евидентира во катастар како нивна сопственост. Тоа предизвикува низа проблеми, објасни Спасески при нивната реконструкција и санација бидејќи дел од нив веќе се влезени во програмата на Министерството за образование за 124 реконструкции на училишта низ државава. училиште

Најголем приоритет на Локалната е да ги реши натрупаните проблеми во образованието на што интензивно  се работело во изминатите три месеци, рече секретарот на локалната

Томислав Тунтев, координаторот на советничката група на Сојуз за иднината рече дека образованието било приоритет и на минатата локална власт и дека неблагодарно е да се каже дека во изминатите години ништо не било направено во оваа сфера.

Многу училишта беа санирани и поправени и успешно беа реализирани голем број проекти токму во делот на образованието, потсети Тунтев.

Тој спомна и за проблемот со 40те привремени вработување во охридските училишта на кои договорите им истекуваат токму денес. Тој запраша дали локалната е подготвена навремено да ги пополни нивните места и образовниот процес да тече непречено. Секретарот Спасески на тоа одговори дека Локалната не го занемарила овој факт и дека ова учебна година ќе започне навремено, без никакви проблеми и со една подготвена стратегија за успешна работа на училиштата.

{loadposition content9}