Skip to main content

Среќен крај на заложничката драма што попладнево се случуваше во водите на Охридското Eзеро

Дел од грабнувачите беа ликвидирани за време на акцијата. За среќа, ова беше само показна вежба на Министерството за внатрешни работи.

 |  Мишел Наумоски  | 
kidnaperi
киднапери

Заврши едночасовната заложничка драма која попладнево се случуваше во водите на Охридското Eзеро, во непосредна близина на хотелот Горица.

kidnaperi na brodДрамата се случуваше на бродот Александрија кој во моментот превезувал странски туристи, учесници на безбедносна конференција. Грабнувањето го извршиле припадници на терористичка организација кои како џихадисти учествувале во вооружениот конфликт во Сирија. Со координирана акција на поголем дел од организационите единици при МВР, беше извршен упад од вода и воздух кој заврши кобно за тројца од грабнувачите, додека петмина од нив беа лишени од слобода. Акцијата следеше по неуспешните преговори со грабнувачите околу ослободување на нивни припадници кои во моментот издржуваат казна затвор во Идризово. Сите заложници беа ослободени. За среќа оваа заложничка драма, беше само показна вежба на единиците при Министерството за внатрешни работи.

zaloznici„Вежбата опфати околу 200 припадници на МВР од сите организациони единици и ние и во иднина и во континуитет ќе спроведуваме вакви вежби бидејќи ова е најдобар начин да се добие реална слика за пдготвеноста, за капацитетот и за пдготвеноста на единиците од МВР да реагираат во најразлични ситуации како што тоа беше денес во разрешување на една заложничка криза при киднапиран пловен објект односно брод.“-вели Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска.

Министерката Јанкуловска вели дека ова се ситуации кои тие најмногу би сакале да ги спроведуваат како вежби, а не со нив да се соочуваат во реалност, но потенцираше дека единиците мора да се подготвени на секакви ситуации.

mvr pokazna vezba„Ние не смееме да го игнорираме фактот на новите безбедносни закани во светот со кои се соочуваат буквално сите земји, и токму заради тоа, на еднаков начин, како што се подготвуваат специјалните единици и соодветните служби од највисоко развиените држави, кои на некој начин се сметаат за пример за безбедносни сили, се подготвуваат и нашите единици. Како што можевте да видите, тие се на едно исклучително високо ниво, и се подготвени да одговорат на секоја ситуација.“-рече министерката Јанкуловска.

Инаку оперативно-тактичката вежба „Галеб 2013“ е дел од годишниот план за активности на Министерството за внатрешни работи во делот на борбата против тероризмот.

Во вежбата учествуваа единици од Управата за безбедност и контраразузнавање, Бирото за јавна безбедност, полициската станица за граничен надзор на Охридското Eзеро, СВР-Охрид и дежурниот центар за состојби во Централни полициски служби. Покрај нив, дел од вежбата беа и Капетанија на пристаништата, службата за итна помош и противпожарната служба.

{loadposition content9}