Skip to main content

Aтлетскиот маратон по 27 пат во Охрид

По повод 8 ми септември Денот на државноста и годинава по 27 пат ќе се одржи интернационалниот атлетски маратон. Скромниот награден фонд е причина што бројот на пријавени натпреварувачи е мал, сметаат од организациониот одбор.

 |  Николоска Биљана  | 
maraton
маратон

Традицијата продолжува. Годинава по 27 пат ќе се трча интернационалниот охридски атлетски маратон по повод 8 ми септември Денот на државноста. Како што е добро познато Охридскиот атлетски маратон започна да се организира од 1976 година и се организираше 18 години без прекин до 1993 година. maratonОд 1993 година до 2003 година беше ставен во мирување па наредните години од 2004 година заклучно со 2010 година повторно биде успешно организиран, за да наредната 2011-та година повторно биде ставен во мирување.

 „Охридскиот маратон започна со 4 маратонци, за да нивното учество со години се зголемувало и најмногу во 2010 сме имале 107 учесници на овој маратон. Во минатото тој се одржуваше 7 ми ноември денот на ослободувањето на Охрид а сега откако го возобновивме се одржува на 08 септември“.

На пресс конференцијата се обрати и годинешниот директор на интернационалниот атлетски маратон, Живко Стојчески. Тој е и главниот иницијатор за организација на маратонот во далечната 1976 година, на кој се трча 30 километарската патека од Св Наум до Охрид во која и самиот тој учествувал 8 пати и 5 пати по ред е рекордер. Единствена желба на Стојчески како што и самиот изјави е овој маратон никогаш да незгасне и секогаш да ја добие потребната финансиска поддршка, бидејќи самот по себе носи многу бенефити за градот.

maraton„Јас покушавав од моја страна во границите на моите можности да помагам, но јас како единка не можам многу затоа сите треба да се вклучат.  Следниот маратонец кој 6 пати ќе биде рекордер јас лично ќе го наградам со 1000 евра, тоа се средства плус покрај главната награда.

Околу конкуренцијата на атлетскиот маратон зборуваше членот на организацискиот одбор Пеце Неданов. Нашиот град ќе го претставуваат 6 натпреварувачи, толку се пријавени во моментов, но очекуваме повеќе, вели Неданов.

„До синоќа имаме 41 пријавен вкупно, од кој во машка конкуренција очекуваме да има борба помеѓу двајцата такмичари од Унгарија и трократниот победник од Србија, од македонците очекуваме дека Трпе Мартиноски би бил најуспешен“.

Од организациониот одбор велат дека малиот број на пријавени натпреварувачи се должи на скромниот награден фонд. Стартот на маратонот е од граничниот столб во Св. Наум во 10 часот на 8 ми септември, а целта е домот на културата во Охрид. Патекате е тешка, но сепак важно е сите учесници да стигнат до целта, велат од организациониот одбор.

{loadposition content9}