Skip to main content

„Звуците на длетото“ изложба посветена на 12 охридски резбари

 „Звуците на длетото“  изложба посветена на  12 охридски  резбари.

 |  Валентина Неловска  | 
rezba
rezba

Со наслов  „Звуците на длетото“ започна  изложбата посветена на повеќемина охридски резбари. Организаторот на изложбата, етнологот Оливера Мишева, од охридскиот Завод и Музеј  направила избор на дела работени во разни техники. Љубителите  на оваа уметност имаат можност да ги видат делата изработени во плитка, длабока и поткопана резба. Има изложено рељефи, скулптури, делови од иконостаси со библиски сцени, појаснува Мишева, за  делата од 12- мината резбари.
rezba
„Тие се претставнаци на различни генерации – мајстори кои го изучиле занаетот во резбарското училиште  Андон Дуков, резбарското одделение во ЕМО и мајстори кои по своја волја го изучиле занаетот кај некои од постарите мајстори“.

Целта на изложбата е афирмација на старата традиција во Охрид и можност публиката да ги запознае авторите преку нивните уметнички дела. Тоа е еден мал придонес од нашата институција за да се популизра оваа уметност и овој занает, нагласува Мишева. Таа се надева дека наскро  ќе се возобнови охридската резбарска школа.


„ Се приклучуваме кон желбите за возобнување на резбарското училиште во Охрид каде што му е и местото. Тука  ќе се спојат младоста и креативноста,  уметноста со занаетот и љубовта кон убавото, за традицијата никогаш  да не прекине, а звуците на длетото да се слушаат уште долго“.

kalajdzi

На изложбата „ Звуците на длетото“ ќе може да се погледнат експонатите изработени од Димче Јанко,   Цветан Николоски, Љубен Џамбазов, Иванчо Тренев, Анастас Дузлески Сирмин, Гоце Ѓорески, Александар Шишкоски, Кочо Аиноски, Цветко Маркоски, Божин Стојкоски и Стефчо Грозаданов. Помеѓу овие резбари  има еден експонат наречен „ Четири годишни времиња“, сопственост на Завод и Музеј изработен во 1963 година, од мајсторот  Петар Калајџи, припадник на старата резбарска Охридска школа.  
Изложбата ќе биде отворена до крај на овој месец.

 

{loadposition content9}