Доделени наградите на Балканско Првенство во едрење
Вечерва на градскиот плоштад и официјално беше затворено 46 тото Балканско првенство во Едрење. Познати се балканските шампиони кои изминативе денови од 2 па се до денес 07 септември, 200 едриличари од 6 балкански држави во 9 класи си ги одмерија силите.
Вечерва на градскиот плоштад и официјално беше затворено 46 тото Балканско првенство во Едрење. Познати се балканските шампиони кои изминативе денови од 2 па се до денес 07 септември, 200 едриличари од 6 балкански држави во 9 класи си ги одмерија силите. Во класата Фин првото место го понесе бугаринот Димитар Вангелов, на второ место се најде турчинот Џем Гозен а трет беше бугаринот Анастас Петров. Во класата 470 за мажи првото место им припадна на романците Бујор Роска и Михаи Фагарасан, второто место за турците Серген Биричиоглу и Емре Хасбај и на третата позиција на оваа класа припадна на турците Тора Кутоглу и Абдулах Баглица. Додека пак во истата класа за жени, турчинките Брсте Кајнакчи и Симге Серим го освоија првото место, второто им припадна на бугарките Јана Маркова и Ина Илиева, а третото место за репрезентацијата на жени од Р. Турција, Севим Сирма и Селин Базегмез. Во класата Ласер Стандард на првата позиција застана црногорецот Игор Лес на втората, србинот Дани Станиќ а на третата Утку Ѓоненер. Првото место во класата ласер Радиал припадна на србинката Милица Дукиќ, второто на турчинката Ечем Гузел и третото на србинката Јана Братуша. Во класата Ласер 4,7 Абај Беркај беше на првата позиција, втората повторно за Турција Барборос Хекимоглу и на третата позиција застана романецот Џорџ Долеа. Во класата оптимист за мажи за првото, второто и третото место го понесоа репрезентативците од Турција Ефе Тулцали Емир Тансу Сарлак и Јигит Јалцин Цитак. Во истата класа за жени романката Ебру Болат се избори за првото место, за второто турчинката Седеф Сенар и на третото репрезентативка од Романија Луана Боиценцо. И за крај во класата Оптимист бест Јуниот Охрид 2013 првите три места ги резервираа репрезентативците на Турција Ефе Тулцали, Јигит Јалцин Цитак и Умут Картал.
Организаторите на Балканското првенство во Едрење, кое годинава се одржа по прв пат во Охрид, задоволни од целокупниот тек на отворениот Балкански шампионат во едрење Охрид 2013.
„Мислам дека се покажавме како добри домаќини, тоа го докажува и посетеноста на самите натпреварувачи од другите земји. Нашите јужни соседи иако беа поканати не дојдоа, ние сме спортисти мислам дека се покажавме како добри организатори и на регатните полиња на Охридското Езеро и на брегот се дружевме овие денови и раменувавме искуства““,
Вечерва беа доделени признанија, медали и пехари. За првите три места организаторот обезбеди нешто посимболично, медал со стилизирано едро. Охриѓани и стружани ја сочинуваа македонската репрезентација и најдобар успех постигна Ердал Луше од едриличарскиот клуб „Снегар“ од Струга. Сепак Ставрев нагласува дека за да се дојде до поголеми резултати треба Р. Македонија, Агенцијата за млади и спорт и двете локални самоуправина Охрид и Струга повеќе финансиски да дадат поддршка и да обратат внимание на едрењети како спорт, кој го користи најголемиот спортски терен во земјава, Охридското Езеро.
{loadposition content9}