Skip to main content

Почина еден од најпознатите кујунџии

Денес на 93 годишна возраст почина Вангел Деребан, еден од најпознатите македонски филигранисти.

 |  Николоска Биљана  | 
filigran
филигран

derebanЗгасна животот на Вангел Деребан еден од најпознатите македонски кујунџии. Роден во далечната 1920 година во Струга, тој ја продолжува неколкувековната фамилијарна кујунџиска традиција и го развива охридското филигранство.

За Вангел Деребан се презентирани информации и репортажи од многу домашни и странски новинари и публицисти.

Тој е многу често застапуван во проспектите и други публикации за промоција на Охрид и Македонија. Добитник е и на престижната Св. Климентова награда во Охрид.

{loadposition content9}