Интернет игрите на среќа наскоро и во Македонија
Македонија до година ќе добие електронски и интернет-игри на среќа, објавува весникот Дневник.
Македонија до година ќе добие електронски и интернет-игри на среќа, објавува весникот Дневник.
Според Дневник, Државната лотарија на Македонија распишала јавен повик за склучување договор со искусна компанија со која ќе формираат заеднчка фирма за приредување електронски и интернет игри на среќа.
Идниот партнер ќе треба во новата фирма да вложи 6 милиони евра. Од нив, 4,7 ќе се инвестираат во опрема и софтвер, 300.000 евра во хардверска и софтверска поддршка и еден милион евра ќе бидат паричен влог за покривање на финансиските трошоци за оперативно функционирање на новото трговско друштво, објавува Дневник.
Потенцијалните кандидати треба да бидат искусни и да имаат обрт од интернет-игри не помал од 600 милиони евра годишно за секоја од последниве три години, од 200 милиони евра за електронски игри на среќа и не помал од 700 милиони евра од лотариски игри.
{loadposition content9}